Сибила Ерусалимска
Сибила | |
---|---|
Детаљ од минијатура од 13 век | |
Кралица на Ерусалим | |
На престол | 1186–1190 |
Крунисување | 1186 |
Претходник | Балдуин V |
Наследник | Изабела I |
Сосуверен | Ги |
Роден(а) | ок. 1159 |
Починал(а) | 25 јули 1190 (на 30–31 г.) Ако |
Сопружник | |
Деца | Балдуин V Ерусалимски |
Династија | Анжујци |
Татко | Амалрик Ерусалимски |
Мајка | Агнес де Куртене |
Сибила Ерусалимска (околу 1160-1190) — грофица на Јафа и Аскалон од 1176 година и кралица на Ерусалим од 1186 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Сибила е ќерка на кралот Амалрик Ерусалимски и Агнес де Куртене. Откако дознал дека неговиот син Балдуин е болен од чума, Амалрик се обидел да и најде сопруг на Сибила што ќе го наследи на престолот во Ерусалим. Во 1180 година нејзината мајка Агнес ја омажила за Ги Лизињан, помладиот брат на нејзиниот љубовник Амалрик. Како мираз ги добила окрузите Јафа и Аскалон. По смртта на синот на Балдуин IV, Балдуин V, прашањето за наследување на круната било повторно отворено. Ерусалим и околината ја сакале Сибила за нивна кралица, но грофот Ремон III од Триполи бил регент на последната желба на Балдуин IV. Сибил и Жоскелин III смислиле измама и го поканиле Ремон во Ако. Неговото отсуство Сибила го искористила за да влезе во Ерусалим и да се круниса за кралица. Веднаш по крунисувањето, Сибила ја ставила круната на главата на нејзиниот сопруг Ги Лизињански. Крунисувањето се одржало во црквата на Светиот гроб. Крунисувањето било поддржано од Рене де Шатијон, Жерар од Рихфо и Жоскелин III.
По битката кај Хатин и уништувањето на ерусалимската војска, Сибила заедно со Балијан од Ибели ја командувале одбраната на Ерусалим. Градот сепак бил освоен, а Сибила побегнала во Триполи заедно со нејзината ќерка. Починала во 1190 година во Ако.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Hamilton, Bernard (1978). „Women in the Crusader States: The Queens of Jerusalem“. Во Baker, Derek (уред.). Medieval Women. Ecclesiastical History Society. ISBN 978-0631192602.
- Hamilton, Bernard (2000). The Leper King and His Heirs: Baldwin IV and the Crusader Kingdom of Jerusalem. Cambridge University Press. ISBN 9780521017473.
- Hodgson, Natasha R. (2007). Women, Crusading and the Holy Land in Historical Narrative. Boydell Press. ISBN 978-1843833321.
- Nicholson, Helen J. (2004). „La Roine Preude Femme Et Bonne Dame': Queen Sybil of Jerusalem (1186–1190) in History and Legend, 1186–1300.“. Во Morillo, Stephen; Korngiebel, Diane (уред.). The Haskins Society Journal: Studies in Medieval History. 15. Boydell Press. ISBN 1843831988. JSTOR 10.7722/j.ctt7zssjh.
- Riley-Smith, Jonathan (1973). The feudal nobility and the kingdom of Jerusalem, 1147 - 1277. Macmillan.
- Runciman, Steven (1952). A History of the Crusades: The Kingdom of Jerusalem and the Frankish East, 1100-1187. 2. Cambridge University Press. ISBN 0241298768.
- Runciman, Steven (1954). A History of the Crusades: The Kingdom of Acre and the Later Crusades. 3. Cambridge University Press. ISBN 0-521-06163-6.
Надворешна врска
[уреди | уреди извор]- Сибила Ерусалимска на Ризницата ?
|