Сиански градски ѕидини

Координати: 34°15′58″N 108°56′35″E / 34.266° СГШ; 108.943° ИГД / 34.266; 108.943
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сиански градски ѕидини
Сиански бедеми
西安城墙
Сиански градски ѕидини
Карта
Општи податоци
ВидУтврдување
ЗемјаНародна Република Кина
Координати34°15′58″N 108°56′35″E / 34.266° СГШ; 108.943° ИГД / 34.266; 108.943
Технички податоци
Големина14 km
Службен назив: Сиански градски ѕидини
Тип:Културно
Критериуми:iii, iv
Прогласено:На чекање на 2008
Број[1]
Област:На чекање Азија-Пацифик

Сиански градски ѕидини (кинески:西安城墙) — ѕидини на градот Сиан, некогашен главен град на Кина. Тие се еден од најстарите, најголемите и најдобро зачуваните градски ѕидини во Кина. Биле изградени за време на владеењето на царот Хонгву, за да го заштитат новоизградениот град Сиан. Тие ги претставуваат „целосните особености на архитектурата на бедемите на феудалното општество“ и биле многупати обновувани од нивната изградба во XIV век. Трипати во раздобје од 200 години, од втората половина на 1500-тите и 1700-тите, а последен пат во 1983 година. Ѕидините опфаќаат област со површина од околу 14 квадратни километри.

Сианските градски ѕидини се вклучени во Националната пробна листа на светско наследство на УНЕСКО под наслов „Ѕидини на династиите Минг и Ќинг“. Во март 1961 биле впишани во списокот на „Национално заштитени големи историски и културни локалитети“ на Националната администрација за културно наследство.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Сианските градски ѕидини се наоѓаат во урбаната четврт на градот Сиан, поранешната царска престолнина, под името Чанган, за време на династиите Хан, Суи и Танг [1]. Градот се наоѓа на почетокот на древниот пат на свилата [2].

Историја[уреди | уреди извор]

По основањето на династијата Минг, царот Хонгву тргнал да ја зацврсти својата моќ и да ја смири земјата. Како дел од оваа политика, тој основал нов град, Сиан, на местото на стариот главен град Танг. За да го заштити овој град, кој го направил нов главен град на покраината Шенси [3], од 1370 година[4] наредил изградба висок утврден ѕид на остатоците од ѕидините од дворецот што датира од династијата Танг (618-907) [5]. Ова го означува почетокот на изградбата на Сианските градски ѕидини. Хонгву ги вградува старите утврдени насипи изградени од династиите Суи и Танг во овие ѕидини со тоа што ги вклучува во западните и јужните делови на ѕидините, а потоа ги проширува источните и северните делови. Градењето траело осум години, а потоа ѕидините биле добро одржувани, како во династијата Минг, така и во династијата Ќинг која го наследила[1].

На почетокот ѕидините биле граден само во набиена земја. За време на владеењето на царот Лунгќинг (1568), ѕидините биле зајакнати со поставување сини тули на горните и надворешните лица на земјените ѕидови. За време на владеењето на царот Ќенлунг од династијата Ќинг (1781 година), ѕидовите биле продолжени, била направена дренажа, како и стрелачници. На ѕидовите се направени и други различни промени кои на крајот го имаат изгледот што ги знаеме денес[1]. Со падот на династијата Ќинг, состојбата на бедемите почнала да се влошува. Во одредена мера, републичките власти вршеле одржување на ѕидините, кои тогаш беа во лоша состојба. Навистина, во првата деценија XX век, Сианските ѕидини биле сметани дека се од стратешко значење, иако слични ѕидини, во други провинции на земјата, биле урнати по Кинеската револуција од 1911 година. Во 1926 година, за време на борбите на Северната експедиција, утврдувањата биле бомбардирани, што резултирало со сериозни структурни оштетувања; но градот сместен во внатрешноста на бедемот не бил допрен[6]. За време на Втората светска војна, кога Јапонците извршиле воздушни бомбардирања од 1937 до 1940 година, населението изградило околу 1 000 бункери во широката основа на бедемите, користени како засолништа од воздушни напади.[6] Некои отвори се користеле, како премини низ ѕидините во случај на евакуација на градот. Уште подоцна, под[6] републиканскиот режим биле изградени нови порти кои овозможувале одвивање на сообраќај во опфатот на ѕидините..

Според атласот на Шенбу од 1933 година, во 1930-тите повеќето од жителите на градот живееле во периметарот на Сианските градски ѕидини, но сè уште имало многу ненаселени отворени области. Меѓу посетителите кои дошле да ги видат бедемите биле американскиот капетан (подоцна генерал) Џозеф Стилвел во 1922 година и чешкиот синолог Јарослав Пршек (1906-1980) во 1933 година[6] . Во март 1961 година, Сианските утврдувањата биле вклучени во списокот на „Значајни културно-историски места на Кина“ - прва класификација насочена кон нивна заштита[1],[7] . Во 1983 година, администрацијата на општината Сиан извршила понатамошни реновирања на утврдувањата, како и некои доградби. Во тоа време биле реновирани кулата Јангмаченг, кулата брана Жалу, кулата Куисинглу, кулата Џиаолу и одбранбената кула Дилу. Деловите од бедемите кои се распаднале биле претворени во порти и шанците биле обновени. Во мај 2005 година, сите бедеми на Сианските утврдувања биле меѓусебно поврзани[1] .

Во 2008 година, Националната администрација за културно наследство предложила Сианските градски ѕидини да се впишат на списокот на Светско наследство на УНЕСКО. УНЕСКО одговарил на ова барање со запишување на местото на пробниот список на светско наследство под назив „Ѕидини на династиите Минг и Ќинг“, како назначено место на културно наследство според критериумите iii и iv[1] . Овој список ги обединува местата за кои држава членка на УНЕСКО има намера да поднесе барањ за вклучување во Списокот на светско наследство[8]. Затоа е еден вид „чекална“ пред конечното запишување. Во 2020 година, Сианските градски ѕидинин сè уште биле во оваа „чекална“.

Опис[уреди | уреди извор]

Сианските градски шанци

Сианските градски ѕидини имаат правоаголен облик и имаат вкупна должина од 14 км. Речиси сите делови што ги сочинуваат ѕидините, во одредено време биле обновени и/или реконструирани. Пешачка патека поминува по врвот на ѕидот и обично се потребни четири часа за целосно да се пропешачи[9]. Ѕидините биле изградени според правилата на [1] кинеската архитектура. Како утврдувања што треба да се користат за одбрана, бедемите биле изградени со шанец, подвижни мостови, стражарски кули, аголни кули, парапети и кули-порти. Ѕидините се високи 12 м, широки од 12 до 14 м на врвот и 15 до 18 м во основата[10]. Изградени се мали бедеми кои излегуваат од главниот ѕид, оддалечени 120 м еден од друг. На надворешната страна на ѕидот има парапети, со вкупно 5 984 стрелачници. Има вкупно четири стражарски кули, од кои секоја се наоѓа на еден од аглите на ѕидините. Шанецот што ги опкружува е широк 18 м и длабок 6 м.[11] Областа во внатрешноста на Сианските ѕидини е приближно 36 квадратни километри и ја опфаќа градската површина од 14 квадратни километри.

Јужната стражарска кула, изградена во 1378 година, била уништена од пожар во 1926 година за време на Граѓанската војна во 1926 година и не била обновена до септември 2014 година[7]. Работите за враќање во првичната состојба биле извршени само по внимателно испитување на документацијата во врска со историските особености и изгледот на кулата пред да биде оштетена. Останатите три стражарски кули кои се на аглите на северните, источните и западните порти на ѕидот исто така биле земени предвид во фазата на планирање на промените на јужната кула. Тие, исто така, се променети, без да се наруши целосноста на бедемите, со додавање на сала која обезбедува заштита на структурите користејќи челик, дрво и структура од стар тип на плочки и тули[7]. Главните порти се опремени со пристапни рампи, освен јужната врата чиј пристап се наоѓа надвор од ѕидовите[9].

Постои „Кула за стрелци“, која осигурува безбедност за една од четирите порти на Сианските градски ѕидини. Создадена како голем простор слична на стапица, на врвот исполнета со прозорци, имала за цел да им даде на стрелците поволна позиција да гаѓаат стрели кон потенцијалните напаѓачи. Со текот на времето, стрелците биле заменети со топови, но улогата на оваа кула останала иста. Доколку непријателот успеел да ги пробие бедемите на нивото на главната врата, тој ќе се најдел заробен во малиот простори кој бил свртен кон друга порта и на тој начин бил лесна цел за бранителите[12].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „City Walls of the Ming and Qing Dynasties Description“. UNESCO Organization. Посетено на 15 novembre 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Introducing X'Oan“. Lonely Planet. Посетено на 15 novembre 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Beijing Review. Beijing Review. 2008.
  4. Lynn2013.
  5. „Xian City Wall“. Official web site of The Tourism administration of Xi'an. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 15 novembre 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 So & Zelin 2013.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Shaanxi Top 10 events of cultural heritage in 2014“. Архивирано од изворникот на 2 October 2015. Посетено на 27 juillet 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. Listes indicatives (Unesco)
  9. 9,0 9,1 „Xī'ān City Walls“. Lonely Planet. Посетено на 15 novembre 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Xi'an City Wall. Heritage Key“. Архивирано од изворникот на 2009-10-03. Посетено на 2023-06-17.
  11. Bushell 2012.
  12. „Xi'an City Wall“. China Bibliography – Hua Umf Maine. Архивирано од изворникот на 2015-11-17. Посетено на 15 novembre 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]