Италијанска нараквица ги претставува деновите во неделата по нивните истоимени богови (од средината на XIX век, Волтеров уметнички музеј)
Седмица, недела или теден — групирање на денови како во лунарниот месец, година итн. Седмицата зазема помал временски период од месецот и помага на луѓето за организирање на работата, секојдневните активности, комуникацијата и останатите сфери од животот. Повеќето од земјите во светот ја поделиле седмицата на седум денови.