Северна Кинеска Рамнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Северната Кинеска Рамнина е област околу долниот тек на Жолта Река и нејзините притоки, како и степата на север.
Северната Кинеска Рамнина е прикажана во затемнетиот дел. Жолтата Река е прикажана како „Río Amarillo“.

Северна Кинеска Рамнина [1](поедноставен кинески: 华北平原; традиционален кинески: 華北平原; пинјин: Huáběi Píngyuán) е голема рамнина формирана во доцниот палеоген и неогенот, а потоа била изменета од наносите од Жолтата Река. Таа е најголемата алувијална рамнина во Кина. На север рамнината се протега до Планините Јаншан, на запад до Планините Таиханг, на југ до Планините Даби, а на исток до Жолтото и Бохајското Море. Жолтата река тече по средината на рамнината и се влива во Бохајското Море.

Северната Кинеска Рамнина е еден од најважните земјоделски региони во Кина. Оваа рамнина со жолта почва е главна област за производство на сирак, просо, пченка и памук во Кина. Овде се одгледуваат и пченица, сусам и кикирики. Рамнината е еден од најгусто населените региони во светот

Јужниот дел од рамнината традиционално се нарекувала Централна Рамнина, и се смета за колевка на кинеската цивилизација.[2] [3]

Рамнината зафаќа површина од околу 409 илјади km², и најголемиот дел од неа се наоѓа на надморска височина под 50 м.

Најголеми градови во рамнината се Пекинг, главниот град на Кина, и Тијанџин кој што е важен индустриски град и комерцијално пристаниште. Во рамнината се наоѓа и нафтеното поле Шенгли во Шандонг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пекинг – спој на историски и модерен град“. ИГЕОГРАФИЈА. Посетено на 2022-04-22.
  2. BASIC INFORMATION ON CHINA
  3. Keekok Lee (24 October 2008). Warp and Weft, Chinese Language and Culture. Strategic Book Publishing. стр. 39–40. ISBN 978-1-60693-247-6. Посетено на 2 November 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]