Свети Петар (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Островот Свети Петар е малиот остров десно од островот Свети Иван (лево) во созополскиот залив.

Свети Петар (бугарски: св. Петър) ― бугарски остров во Црното Море, со површина од 2,5 хектари и надморска височина од 9 м. Исто така познат како Птичји Остров, тој се наоѓа во созополскиот залив, блиску до островите Свети Иван и Свети Кирик. Со оглед на тоа што во ниеден извор не е споменато до средината на 19 век, се претпоставува дека се одвоил од поголемиот Свети Иван (кој е неколку стотини метри на запад) како последица на некаков природен феномен околу тоа време. Археолозите откриле урнатини напараклис од времето на бугарската преродба, како и траги од античка керамика. Две мали островчиња или големи карпи постоеле и на исток од Свети Петар, познати по имињата Милос и Гата; тие последен пат биле опишани од руските воени дописници во 1820-тите и се претпоставува дека се потопени во следните години.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

42°26′20″N 27°41′35″E / 42.439° СГШ; 27.693° ИГД / 42.439; 27.693