Прејди на содржината

Свети Кирик (остров)

Координати: 42°25′12″N 27°42′0″E / 42.42000°N 27.70000°E / 42.42000; 27.70000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Кирик
Поглед кон островот
Географија
Координати42°25′12″N 27°42′0″E / 42.42000°N 27.70000°E / 42.42000; 27.70000
Површина0,08 км2
Држава
ЗемјаБургас

Остров Свети Кирик — бугарски остров кој се наоѓа во Црното Море, 150 метри од полуостровот Столетц во Созопол. Островот има површина од околу 0,08 квадратни километри и висина од 15 метри. За разлика од повеќето други бугарски острови на Црното Море, неговата инфраструктура е целосно запоставена.

Островот бил именуван според средновековниот манастир Св. Кирик и Јулита кој се наоѓал на островот, но денеска од манастирот се оставени само рушевините. Манастирот бил подреден на големиот манастир на блискиот остров Свети Иван.

Во 1925-1926 година, на островот било изградено училиште за рибари и морнари, каде што на само сираци им било дозволено да студираат. Училиштето постоело 10 години. Во 1936 година неговата база била реорганизирана за да се смести во Бугарската поморска академија. До неодамна, островот претставувал ограничено подрачје, каде што бродовите на бугарските морнари престојувале.

На островот за време на Втората светска војна постоел фашистички логор, каде меѓу интернираните, била и Цена Деспотоска со уште 18 Македонци, нејзини другари од НОД.[1]

Островот бил демилитаризиран во 2000-тите со цел да стане центар на меѓународниот поморски туризам. Островот е национален споменик на културата.

  1. Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1041.
  • Petrinski, Ivan (2008). „Zdravi kreposti pazyat ostrovnite obiteli; Kazashki pir otbelyazva kraya na obitavaneto na o. Sveti Ivan“. Istinskata istoriya na Balgariya (бугарски). Sofia: Ciela. стр. 111–124. ISBN 978-954-28-0286-0.