Рут Асава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рут Асава
Роден(а)Рут Аико Асава[1]
24 јануари 1981[1]
Норволк, Калифорнија[1]
Починал(а)5 август 2013[2]
Сан Франциско, Калифорнија[2]
НационалностАмериканка
ОбразованиеБлек маунтан котиџ
Познат(а) повајарство
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Рут Асава (24 јануари 1926 – 5 август 2013) е американска вајарка од јапонско потекло. Позната во Сан Франциско како "дамата со фонтаната", автор е на уметнички дела кои се дел од сериозни уметнички колекции како Соломон Р. Гугенхајм музејот и Витни музејот во Њујорк.[3] Главен испиратор е зад создавањето на Школата на уметностите во Сан Франциско,[3] преименувана во Рут Асава школа на уметностите во 2010 како омаж кон нејзиниот лик и дело.[4]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Асава е родена во 1926 во Норволк, Калифорнија во семејство со седум деца.

По дипломирањето, со намера да стане учител по уметност, го посетува Државниот колеџ во Висконсин, Милвоки. Откако не успева да најде работа за да го положи практичниот дел од завршниот испит на колеџот, - бидејќи со јапонско потекло, дискриминирана е каде и да аплицира - го напушта Висконсин без диплома (истата ќе ја добие дури во 1998 година.)[5]

Од 1946 до 1949, учи на Black Mountain College со Јозеф Алберс.[6] Токму од него ќе научи да користи обични, секојдневни материјали, а тогаш почнува да експериментира со жица користејќи најразлични техники.[7]

Брак и деца[уреди | уреди извор]

Асава се венча со архитектот Албер Ленје во јули 1949 година. Имаат шест деца: Ксавиер (1950), Аико (1950), Хадсон (1952), Адам (1956), Еди (1958) и Пол (1959).

Смрт[уреди | уреди извор]

Асава починува од природна смрт на 5 август 2013 во сопствениот дом во Сан Франциско, Калифорнија, на возраст од 87 години.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во текот на 1950-тите, Асава почнува да експериментира со хеклано жичено вајарство што личи небаре тродимензионален цртеж со линии. Техниките ќе ги научи во Толука, Мексико, каде тамошните селани користеле слични техники за да направат кошници од поцинкована жица:

“Ме заинтригира економичноста на линијата, можноста да се создаде нешто во просторот без вистински да се загради. Сепак е проѕирно. Сфатив дека ако сакам да произведам нешто такво, ќе морам да користам само линија зашто само таа може да оди секаде."

Жичаните вајари ќе ја направат Асава многу позната во 1950-тите, кога нејзините дела се појавуваат неколку пати во Витни музејот на современа уметност во Њујорк, а во 1955-тата и на уметничкото биенале во Сао Паоло.[8]

Во 1962, Асава почнува да создава посложени жичани композиции со природни, геометриски или апстрактни слики.[9]

Во 1968, Асава го создава своето прво дело за пошироката јавност, фонтана со сирени на плоштадот Џирардели во Сан Франциско. Во текот на наредните години, таа ќе дизајнира уште многу фонтани во градот, поради што ќе стане позната како “дамата со фонтаните.”[10]

Долгогодишен бранител на потребата од уметност во школите, Асава ја ко-основа Школата на уметностите во Сан Франциско, преименувана во Рут Асава школа на уметностите во 2010 како омаж кон нејзиниот лик и дело.[11]

Избрани дела[уреди | уреди извор]

Фонтаната кај Гранд Хајат, Сан Франциско
  • Андреа, фонтаната со сирени на плоштадот Џирардели (1966)
  • Модел за фонтаната на Јунион плоштадот во Сан Франциско (1973)
  • Фонтаните во Бјукенен ТЦ (Нихомахи) (1976)
  • Аурора, фонтаната инспирирана од оригами, Сан Франциско (1986)
  • Споменик на јапонско-американската интернација во Сан Хозе (1994).

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1968: Прва Димаксион награда за Уметник/Научник
  • 1974: Златен медал од Американскиот институт на архитекти
  • 1990: Награда Кирил Магнин
  • 1993: Почесна награда од Заседанието на жени-уметници
  • 1995: Златен прстен за животно дело од азиско-американските уметнички фондации

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 About Ruth Asawa – Дата на раѓање: 01/24/1926, Земја на раѓање: Лос Анџелес (Норволк)
  2. 2,0 2,1 2,2 Baker, Kenneth (August 6, 2013), „California sculptor Ruth Asawa dies“, The San Francisco Chronicle 
  3. 3,0 3,1 RELEASE: RUTH ASAWA Christie's; April 2, 2013.
  4. Jill Tucker; " S.F. school board votes to send pink out slips. San Francisco Chronicle; February 24, 2010.
  5. Auer, James. „Artist's return remedies a postwar injustice“, „Milwaukee Journal Sentinel“, 18 декември 1998. NewsBank document ID 0EB82C32E269DCB3.
  6. The College Died, but the Students Really Lived“, „The New York Times“, 14 март 1992.
  7. http://www.ruthasawa.com/crochetwire.html
  8. Baker, Kenneth. „An overlooked sculptor's work weaves its way into our times“, „San Francisco Chronicle“, 18 ноември 2006.
  9. http://www.ruthasawa.com/tiedwire.html
  10. Martin, Douglas (August 17, 2013), „Ruth Asawa, an Artist Who Wove Wire, Dies at 87“, The New York Times 
  11. Romney, Lee (August 6, 2013), „Ruth Asawa, artist known for intricate wire sculptures, dies at 87“, The Los Angeles Times 

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Abrahamson, Joan and Sally Woodridge (1973) The Alvarado School Art Community Program. San Francisco: Alvarado School Workshop.
  • Bancroft Library (1990) "Ruth Asawa, Art, Competence and Citywide Cooperation for San Francisco,", in The Arts and the Community Oral History Project. University of California, Berkeley.
  • Cook, Mariana (2000) Couples. Chronicle Books.
  • Cornell, Daniell et al. (2006) The Sculpture of Ruth Asawa: Contours in the Air. University of California Press.
  • Cunningham, Imogen (1970) Photographs, Imogen Cunningham. University of Washington Press.
  • Dobbs, Stephen (1981) Community and Commitment: An Interview with Ruth Asawa," in Art Education vol 34 no 5.
  • Faul, Patricia et al. (1995) The New Older Woman. Celestial Arts.
  • Harris, Mary Emma (1987) The Arts at Black Mountain College. MIT Press.
  • Hopkins, Henry and Mimi Jacobs (1982) 50 West Coast Artists. Chronicle Books.
  • Jepson, Andrea and Sharon Litsky (1976) The Alvarado Experience. Alvarado Art Workshop.
  • Rountree, Cathleen (1999) On Women Turning 70: Honoring the Voices of Wisdom. Jossey-Bass.
  • Rubinstein, Charlotte Streifer (1992) American Women Sculptors. G.K. Hall.
  • San Francisco Museum of Art. (1973) Ruth Asawa: A Retrospective View. San Francisco Museum of Art.
  • Schatz, Howard (1992) Gifted Woman. Pacific Photographic Press.
  • Villa, Carlos et al. (1994) Worlds in Collision: Dialogues on Multicultural Art Issues. San Francisco Art Institute.
  • Woodridge, Sally (1973) Ruth Asawa’s San Francisco Fountain. San Francisco Museum of Art.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]