Роман Безпалкив
Роман Безпалкив | |
---|---|
Безпалкив во 2007 година | |
Роден(а) | 15 април 1938 Хлушин, Полска (денес во Украина) |
Починал(а) | 19 ноември 2009 Лавов, Украина | (возр. 71)
Почивалиште | Личавски гробишта |
Образование | Лавовски национален медицински универзитет „Данило Халицки“ (1956-1962), Лавовска национална академија на уметностите (1965-1971). |
Познат(а) по | Сликарство, цртање |
Правец | Импресионизам |
Награди | Почесен уметник на Украина (1998) |
Роман Безпалкив (украински: Рома́н Безпа́лків) – (15 април 1938, село Хлушин, Лавовско – 19 ноември 2009 година, Лавов) – украински сликар. Невовите жанрови биле сликарството и сакрална уметност. Тој бил член на Националниот сојуз на уметници на Украина (1988). Бил Почесен уметник на Украина (1998).
Во 1962 година, дипломирал на Медицинскиот институт при Лавовскиот национален медицински универзитет. Во 1965 година се запишал на Лавовската национална академија за уметности и ја завршил во 1971 година.
Автор е на многу сценски и сакрални дела, меѓу кои и филозофски портрети на личности од украинската култура како Тарас Шевченко, Бохдан Ихор Антонич, Маркијан Шашкевич, Иван Вишенски, Катерина Билокур и други. Учествувал на лични, национални и меѓународни изложби.
Починал по долго боледување на 19 ноември 2009 година и бил погребан на Личакивските гробишта, Лавов.
Наводи[уреди | уреди извор]
Книжевност[уреди | уреди извор]
- украински: Яців Р. М. Безпалків Роман Михайлович // С. 382. ISBN 966-02-2681-0.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Олја Малерик . Портрети-притчи від Романа Безпалківа (на украински)
- Роман Безпалків – мандрівник од Академічної (на украински)
- Роман Безпалков
- Во Львові виставкою-реквіємом пом'януть «Адмірала» – Романа Безпалківа, який помер 20 листопада Архивирано на 22 август 2014 г. (на украински)
|