Роковник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Книжен роковник со мали димензии

Роковник[1][2] (старословенски: рокъ — датум), сроковник[3][4], бележник[5][6], потсетник[7][8] или агенда[9][10] (латински: agenda — идеја) — имиња за книшка наменета за бележење на важни датуми, настани и организација во најширока смисла, но се користи и за други цели.

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Роковниците се преносливи. Тие можат да бидат со мали и големи димензии. Тие се укоричени во кожа или друг мек и висококвалитетен материјал. Тие се состојат од неколку делови, од кои најважни се дневник, календар и адресар.[11] Овие книшки обично содржат и информации корисни во деловна смисла, како што се патни карти или регионални повикувачки броеви за земји и/или домашни градови. Налик е на другиот прибор со сличен изглед и градба, како што се тетратки (училишни и канцелариски прибор), нотеси (за ситни белешки). [12]

Во земји како што е Швајцарија, постојат училишни календари, во кои учениците ги запишуваат своите домашни задачи и ги организираат своите активности. Тие се наменети како форма на комуникација помеѓу училиштето и родителите, бидејќи тие се должни да ја контролираат неговата содржина и да ги евидентираат согледувањата, резултатите и оценките. Родителите го потпишуваат секоја недела како знак дека ја прочитале содржината. [13] Се прават и примероци од лични планери со логоа на компании, имиња, натписи, па дури и делови што ги сака клиентот. [14] [15]

На крајот на дваесеттиот век, како дел од глобалната дигитализација, хартиените календари почнаа да се заменуваат со електронски уреди. Првата електроника за оваа намена е персонален дигитален асистент (PDA), додека програмирани се и апликации како менаџери за лични информации (PIM), кои ги содржат сите карактеристики на календарот и некои дополнителни функции. На почетокот на дваесет и првиот век, процесот продолжи, а нови замени за агендите се наоѓаат во паметните телефони и таблет компјутерите . [16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „роковник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „роковник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „сроковник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „сроковник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „бележник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „сроковник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „потсетник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „потсетник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  9. „агенда“Дигитален речник на македонскиот јазик
  10. „агенда“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  11. „personal organizer“. The Free Dictionary. Посетено на 8. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. „Personal organizer“. Office Scheduler Supplies. Архивирано од изворникот на 11. 11. 2013. Посетено на 8. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  13. „Rokovnik (agenda)“ (PDF). Canton de Vaud. Архивирано од изворникот (PDF) на 15. 01. 2014. Посетено на 8. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  14. „Rokovnici, agende“. Mačinković. Посетено на 8. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  15. „Osvojite akademski rokovnik ACRO“. Cosmopolitan. Архивирано од изворникот на 24. 08. 2013. Посетено на 8. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  16. „5 Best Apps for Getting and Staying Organized“. Forbes. Посетено на 8. 9. 2013.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)