Ристо Вешков
Оваа статија не наведува никакви извори. (март 2026) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ристо Вешков | ||
| Роден | 8 јануари 1949 Кавадарци, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Народност | Македонец | |
| Занимање | композитор | |
| Сопружник | Цветанка Вешкова | |
Ристо Вешков (р. 8 јануари 1949 во Кавадарци) — македонски композитор и текстописец на македонски новосоздадени песни, кој живее и работи во Њу Џерси, Соединетите Држави, веќе долги години. Најпозната негова песна е "Цветанке моја".
Творештво
[уреди | уреди извор]Во 2007 година, песната посветена на неговата сопруга "Цветанке моја" била изведена на фестивалот Филиграни, во изведба на Зоран Дамјанов, која добила прво место од публиката. Во 2009 година, ја компонирал песната "Убава Македонка", која била во изведба на Сузана Гавазова, Зоран Дамјанов група Луда Мара од Кавадарци на Филиграни кој освоиле трето место од публиката. Песната "Еј, судбино во езведба на Сузана Гавазова, била изведена на Филиграни која освоила прво место. Во 2014 година, компонира песна за Јасмина Мукаетова "Живеј живот свој". Во 2017 година, бил композитор на песната "Невернице" на Група Дрим Тим. Во 2024 година, е автор на песната "Денес се женам јас" во изведба на Ориентал Бенд. Во 2025 година, заедно со Љупчо Бубо Каров се автори на песната „Пазарџии" во изведба на Раде Рогожаров и Амигоси на Тумба Фест.