Прејди на содржината

Сузана Гавазова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сузана Гавазова
Животописни податоци
Роден(а)21 декември 1979
Струмица, СФРЈ денеc Македонија
Занимањавокалист
Период на активност1998 - сè уште

Сузана Гавазова (Струмица, 21 декември 1979 ) — македонска популарна турбофолк-пејачка. Има издадено повеќе од пет албуми и има снимено повеќе спотови.[1]

Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда. Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“, третиот со македонски староградски песни, и четвртиот албум "Бум Бум". Во 2017 година на Фолк Фест Роса излегува со песната "Опасна за око", која во 2018 снима спот за истата, во спотот главниот машки модел е: Стефан Лазаров. Во 2020 година ја промовира нејзината нова песна "Бум Бум" која за брзо време станува гомем хит. Во 2021 година следуваат нејзините нови песни "Прстен несуден", и "Аманет" која ја пее заедно со Јовица Наумчевски. Таа настапува со различни бендови со: "Балкан Бенд", "Група Академци", Ристе Гавровски и "Легато Бенд", Група Дрим Тим, Група Молика и други.

СпотГодинаРежисер
Краток лет 2008
Да се покаеш 2009
Лудо лето2010
Докторе 2010
Мисица2010
Зависна од тебе2011
Кај што љубовта те води2011
100 пати се караме 2011
Вечно мој2012Томе Табанов
Опасен2012
Пијана и заљубена2012
Сузе Сузана 2013Box production
Умирам по тебе 2013
Македонка2013Box production
Празник е на љубовта 2015
Нишан 2016Горан Костадинов
Само ти2017Николај Скерлев
Опасна за око 2018ArtStudio
Камикази 2018Дарио Јанковиќ
Хало2018Харис Дубица
Намазана2019NN media
Sećanje na tvoj greh2019Николај Скерлев
Џунгла2019Николај Скерлев
Бум,бум2020Ин продукција
Апсолутно мој2020Ин продукција
Прстен несуден2021Даниел Јовески,Ин продукција
Аманет2021Даниел Јовески,Ин продукција
Далавера2024Ин продукција
Тик Ток2024Стојан Стојановски
Невеста2024Ин продукција
Лудо младо2024Ѓорге Богдановски
Света земја2024Ѓорге Богдановски
Хабиби обичам те2025CukiTon
Љубовта да расцути2025

Тв верзии

[уреди | уреди извор]
ВерзијаГодинаРежисер
Тактика 2019Дарио Јанковиќ
Фолклорни спотови
СпотГодинаРежисер
Песна македонска2006
Ти пеј песно2006
Пеј животе пеј2006
Збогум мајко2009Сара продукција
Могилска свадба2009Сара продукција
Мајка на Марика думаше2009Сара продукција
Таму долу Битола2011box production
Свадба весела 2011box production
Не ми го лажи Ѓорги Марето 2014box production
Праша ли Тинке мајка ти 2014box production
Там дека има високи чардаци2014box production
Вино пијам ем ракија 2014box production
Невесто2014box production
До три ми пушки пукнале 2014box production
Убавото Стојне 2014box production
Тино Мори2014box production
Церешна се од корен корнеше2014box production
  1. „Суазана Гавазова“. Estrada entertaiment. Посетено на 2011-06-22.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]