Рем (единица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Знак за опасност од радиоактивност

Рем (англ. Rentgen Equivalent for Men) — единица мерка вон SI системот, а ја означува количината на еквивалентна доза на јонизирачко зрачење. Настанала врз основа на мерната единица рендген, која исто така е единица за мерење вон SI системот, што ја означува количината на рендгенско или гама зрачење потребно за да се генерира 1 електростатска единица електрицитет (3 x 10 9 јонски парови) на см3 сув воздух востандардни услови. Името го носи по германскиот физичар Вилхелм Рентген.[1]

1 рем е сто пати помала мерна единица од Sv (сиверт). Претворање:

1 Sv = 100 рем или
1 рем = 0,01 Sv

Еквивалентна доза на јонизирачко зрачење од 50 ремa обично не е опасна за луѓето и ќе предизвика мали промени во крвната слика. Од 50 до 200 рема можат да предизвикаат болест, но обично не е смртоносно. Еквивалентни дози од 200 до 1000 рема можат да предизвикаат сериозни болести и понекогаш можат да бидат смртоносни. Еквивалентни дози поголеми од 1000 рема се смртоносни.[2]

Рем е голема вредност за еквивалентна доза на јонизирачко зрачење, па затоа често се користи единицата милирем (ознака: mrem), која е илјада пати помала. Се препорачува да не се користи рем како единица за мерење, туку сиверт (Sv).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Ionizirajuće zračenje u biosferi", Mile Dželalija, Kemijsko-tehnološki fakultet, Sveučilište u Splitu, 2011.
  2. "Dozimetrijske veličine i mjerne jedinice", Edi Kovač, generacija 2000/2001.
  3. "Jedinica radioaktivnosti", www.radiobiologija.vef.unizg.hr, 2011.