Разговор со корисник:Guitardemon666/Архива 1
Хеј User:Guitardemon666, дај stavi '''{{Патрлок}}''' во статиите. Поздрав и добродојде! User:SkiSki
Здраво и од мене! Се надевам дека ќе имаме успешна соработка. Инаку, би било фино да го допреведеш текстот за Светска Банка - кандидат е за статија на месецот :). --FlavrSavr 10:34, 26 May 2005 (UTC)
Здраво, здраво
[уреди извор]Многу ми е мило што ете некој, освен јас и Ивица пишува. Да ти одговорам на прашањето - да, најактивни сме јас, ти и Ивица (јас малце слабо периодов, колоквиумска недела на факс ми е) - но има и други активни корисници - пр. SkiSki, Sikavica, She, DimitarT, Makedon, Qurqa, 5ko и други анонимни и неанонимни корисници што пишуваат/менуваат по некоја статија. Што се однесува до тоа зошто нема интерес, те уверувам дека јас и Ивица направивме доста досега за нејзина промоција - објавивме на некои форуми (ако знаеш некој форум кај што би можеле да се најдат луѓе да пишуваат, кажи им), јас на сите познати и непознати почнав да им зборувам, посебно сакав да ја анимирам Слободен Софтвер заедницата тука (нели, природно би било тие да бидат предводници на ова), а објавив и сторија на bagra.org (да не дозна за сајтов од таму?), а сега подготвив и банерче што ќе го постават таму. Причината зошто не објавив на големи сајтови (како на пр. On.net) или по весници и телевизија е затоа што моментално и сам гледаш каква е состојбата на сајтот (слаба администрација, слаба насловна страна, непреведен интерфејс, слаба категоризација, непреведени помошни статии: како да променам статија, како да ставам линкови итн.) што во старт би одбило многу потенцијални пишувачи.
За да ти одговорам на прашањето зошто сеуште немаме преведен интерфејс, ќе морам да ти раскажам малце како тоа почнавме, јас и Ивица, да пишуваме тука. Имено, ние сме тука некаде од крај на март, а дотогаш ова имаше 50 и нешто статии и непреведен интерфејс (типот што ја почнал википедијава ја забаталил). Во прво време идејата ни беше да напишеме што повеќе статии за да не стават на 100+ листата на главната Wiki страна, и да се "справиме" со некои бугарски корисници кои си пишуваа на бугарски јазик, си изнесуваа претенциозни еднострани текстови за нашата историја итн, итн. Тука ни отиде еден месец време и енергија. Потоа јас се заангажирав и се информирав (голема помош ми даде и админот на бугарската Википедија 5ko - не сите бугарски корисници тука се однесуваат како вандали, за да немаш погрешен впечаток) за тоа како да се преведе интерфејсот. Се работи инаку за еден php language код за кој и јас и Ивица првпат се среќаваме (ние не сме програмери), па сметавме дека ќе биде попаметно да ангажираме некој поискусен на тоа поле, пред да направиме некаква сериозна грешка. Јас некаде крај на април го убедив Misos, да помогне да го преведе овој код и човекот заради објективни причини, највеќе, не можеше да го допреведе до пред некое време. Сега кодот е 85% преведен и го чекам да ми го допреведе, и заедно со него да посветиме еден ден да ги разгледаме целосно спорните моменти (бидејќи немаме стандари за превод на софтвер, има тешкотија при превод на голем број термини). Тоа би требало да се случи на почеток на јуни, кога јас би бил послободен. После ќе го пратам тоа на метавики, и ќе треба да почекаме некое време додека не го Update-уваат.
Ти продолжи да пишуваш за тоа време и нека не те обесхрабрува недостигот на интерес. Познавам луѓе што ветија дека ќе се заангажираат повеќе, интерфејсот ќе се преведе, и со време ќе објавиме на On.net и ќе почне да доаѓа народ - освен ако не ги стрефи македонскиот синдром на резигнираност во меѓувреме. Мене ми е многу жал што програмерската интелигенција не се нафатила на ова, па повеќе добиваме помош од бугарската и српската википедија, одошто од нашата. За некој ден 5ko ќе пушти апликација која автоматски ќе генерира template страни за години и датуми со кои автоматски ќе се зголеми бројот на страници до 3000. Овие статии и уште многу ќе мора да се пополнат, посебно помошните статии за како се пишува на Википедија и слично. Затоа, верувај, ти си од голема помош со твоите статии, и би било супер да продолжиш да пишуваш. Поздрав! (ако имаш уште нешто да прашаш прати ми меил на slobodanjakoski@yahoo.com) --FlavrSavr 20:21, 26 May 2005 (UTC)
- Цобе веќе ти ја објаснил ситуацијата, така што јас само ќе те поздравам со некои бројки - доколку не си запознаен со страната за повеќејазична статистика, оди на http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:Multilingual_statistics . Таму ќе видиш како развојот на македонската Википедија се одвива од еден во друг месец и како тој развој се споредува со другите Википедии (прочепај, ќе видиш и убави индивидуални графици и табели). Надминеме ли преку 200 нови статии за овој месец (а еве лично ќе се погрижам за тоа во следниве час-два), нели покрај сите измени и слично, мај е успешен месец (според мене). Што остава тоа за јуни? Како што кажа Цобе, превод на интерфејсот и помошните страни, а потоа и уште 250-300 нови статии, не би било лошо нели? Туку да се нафатиме на работа... Голем поздрав! --Ivica83 23:33, 26 May 2005 (UTC)
Друго значење
[уреди извор]Еј, денес имав малку време и го направив следниот шаблон (template) {{Другозначење}}, можеш да го искористиш, ставајќи го на пр. на некоја страница што може да има друго значење, како што направив на статијата за Гоце Делчев. Моментално немам време (полагам до вторник и среда), и незнам дал и ќе стигнам во меѓувреме да направам и шаблон за страниците за појаснување (каде ќе се наоѓаат повеќе значења на еден термин). Дотогаш, испробај го ова. --FlavrSavr 01:30, 28 May 2005 (UTC)
Гитари и сликитн.
[уреди извор]За копирајт викаш „Таму не пиши ништо па мислам дека нема.“ За жал, има. Најдобро земи камера па испали неколку слики од својата „колекција“. Или барај овде: http://creativecommons.org/find/ - се што таму најдеш може да оди на вики под услов да дадеш напомена дека се под СС лиценца и име на авторот и урл-от. Тоа што го тргна епифон, срам да те биде! ;-) Гибсон нив ги купи 1950 г. и еден ден може да ги продадат. Џон Ленон и Џон Ли Хукер као и монгу џез гитаристи имаат свирено Епифонки. Ево една фотка: http://www.flickr.com/photos/kathryn/112270/, авторот е Kathryn Yu, аку сакаш, качи ја. Најомилена гитара во задно време ми е Carvin Bolt Kit. Поздрав, --SkiSki 13:48, 28 May 2005 (UTC)
Ти праша да ли можеш да ги качиш сликите во смисол на тоа да ли имаш право. Тука одговорот е јасен: Немаш. „solely for your own personal use“ значи баш тоа: кај тебе дома а не на википедиа.
Тоа немој да го бркаш со други прашања, нпр.: 1. Да ли ќе те фатат, и 2. Да ли е етички коректно да се крши нивното законско право.
Јас милсам дека нема да те фатат ;-). Али тоа што јас мислам нема врска.
Да ли е етичко коректно да се гребнеш? Мислам дек е ОК во смисол на праведна употреба. Но да би го остварил своето право на фер упоптреба треба да го означиш изворот.
Моето лично милење е дека сите тие фирми имаат доволно пари да се рекламираат и не треба да им чиниме услуга во википедија. Но ти види, прави како сакаш и како ти лежи интересот. Поздрав --SkiSki 16:10, 30 May 2005 (UTC)
Англиски имиња
[уреди извор]Мислам дека со англиските имиња на музичарите во статијата Поп, англиската алфабета станува премногу користена. Во ред, и да се сложиме дека имиња на бендови можат да се пишуваат на латиница (Најн Инч Неилс или Рејдиохед изгледа малку чудно), тоа не може да биде случај со лични имиња: ако може Исак Њутн да биде запишан кирилично, тогаш може и Бритни Спирс и Роби Вилијамс и Кит Ричардс. Исто така силно би сугерирал што е можно повеќе имиња да бидат запишани кирилично, меѓу кои и имиња на компании, марки и слично; единствено таму каде што поимот делува претерано чудно да биде оставен во оригинал. Сега ќе ги изменам имињата во статија за поп, а и поназад во твојата историја, па ќе отворам дискусија на главна страна по ова прашање. Поздрав! --Ivica83 19:44, 29 May 2005 (UTC)
- Значи, се сложуваме :) Поздрав!
- По пат, The во фрази како The Beatles стандардно се игнорира, така што за прва буква на името би се земала B (во овој случај, R за The Rolling Stones итн). Ова важи и за листи на бендови што се ставаат под азбучен ред. Битлс, значи, треба да стојат под Б. --Ivica83 20:03, 29 May 2005 (UTC)
- Значи, се сложуваме :) Поздрав!
Јас мислам вака: насловот да биде на латиница, да има search и на кирилица и латиница што ќе редиректува на страницата, а за секоја група во првата реченица во заграда да се стави како се чита името на македонски. Бива така? --FlavrSavr 21:09, 29 May 2005 (UTC)
Република Македонија и членови
[уреди извор]Здраво. По повод дискусијата околу името што треба да се користи во географските статии - Република Македонија или само Македонија - не би сакал да ги менувам твоите измени без твоја согласност или без одлука од трет и четврт човек. Всушност, се надевам дека мојот одговор на главната страна е доволно убедлив да посакаш сам да ги вратиш измените во статиите за нашите соседи, затоа што конечно, таквата статија ќе биде за малку поточна (се согласуваме дека дали етнички, дали географски, Македонија исто така ги содржи и Пиринска и Егејска Македонија, така?). Во продолжение, забележав дека во индексите ги броиш Битлс и Ролинг Стоунс под „т“ што е неточно. Членот се игнорира во значајните англиски индекси. Битлс обично се наоѓаат под Б а Ролинг Стоунс под Р, Секс Пистолс под С итн. И за ова сепак ќе оставам сам да одлучиш поисправно, па со време ќе имаме и трето и четврто мислење што ќе го стандардизира тој сегмент од википедијата. Во секој случај, продолжи со работа, ене кај е 1000-та :) Поздрав! --Ivica83 10:48, 5 June 2005 (UTC)
Англиски јазик
[уреди извор]Здраво. Ми се допаѓа што конечно се наоѓа јунак да ги прошири географските статии вклучително со табели и државни симболи; подоцна во текот на денот ќе се обидам да ти се придружам. Сепак, би ти препорачал да го преведуваш текстот од англиски на македонски или барем привремено да го префрлиш на дискусионата страна додека тој не се преведе. Мислам дека ти е позната причината за ова барање - доколку има текст на англиски по статиите (дури и привремен), ќе мораме да прифатиме и бугарски и други јазици што ќе не доведе назад во точка нула на јазичниот спор. Тоа е фер договорот што преќутно го направивме во времето кога на овие страници имаше повеќе бугарски корисници отколку македонски и со оглед на тоа дека тој договор претежно е почитуван (обично корисниците уфрлаат бугарски текст се новајлии и не се информирани), би требало и ние да се придржуваме до нашиот дел. Во секој случај, имаш поддршка од мене за напорот, и како што кажав, подоцна ќе ти се приклучам во преводот. Вака-така, надминавме илјадарка, а? :) Поздрав! -- Ivica83 10:27, 10 June 2005 (UTC)
- Обично во македонските медиуми се користи КазаХстан; а колку што сум запознаен со англиската комуникација, изговорот е или КазаХстан или нешто многу слично на тоа. Што се однесува до 1000+, вести за надминувањето на бројката пуштив во среда, а вчера и формално побарав смена на главната страна (и бројка и буква). Доколку немаме повратна информација до понеделник, одново ќе го поставам барањето. Во секој случај, не се разочарувај ако не добиеме потврден одговор две или три недели - како што се покажа минатиот пат кога исто така чекавме некое време за 100+, измената е неизбежна. Поздрав! -- Ivica83 16:50, 10 June 2005 (UTC)
Казахстан
[уреди извор]Речиси сум сигурен дека името на државата, т.е. онака како се нарекува во македонскиот јазик е Казахстан. Kh се чита х во англискиот јазик (на пр. Хазарите се нарекуваат Khazars), а освен тоа мислам дека на сите словенски јазици името на државата е Казахстан (руски, српски, словенечки, словачки, украински итн.). Покрај тоа, најчесто и во другите несловенски јазици се користи буквата h, ch, kh и слично. Што се однесува до 1000та статии, барем 30% од нив се празни шаблони за години и датуми, но, да имаш право, можеме да побараме да не стават во таа листа. --FlavrSavr 16:51, 10 Jun 2005 (UTC)
Ну метал
[уреди извор]ОК, коментарот на 62.162.226.172 не е на место, додека, останатиот дел, изобилува со проблематични фрази, како "најјак", "најдобар" (треба да се избегнуваат вакви фрази, некој сигурно ќе се најде да не се согласува со нив) итн. Во секој случај, треба да се каже дека многумина не се согласуваат дека Nu Metal е метал музика (без разлика дали е или не е), бидејќи нивното мислење е релевантно. Во никој случај, не смее да се каже дека било која страна "нема врска". Не верувам дека латиничните зборови се поставени со лоша намера, меѓудругото ќе му го спомнам и тоа на 62.162.226.172, доколку продолжи со такви мали испади. Поздрав. --FlavrSavr 18:18, 11 Jun 2005 (UTC)
Здраво
[уреди извор]Што те снема толку време?!? --FlavrSavr 00:45, 22 Февруари 2006 (UTC)
Хад или Ад
[уреди извор]Во право си кога велиш дека многу од хеленските имиња се пишуваат вестернизирано. Но Ад е исклучок. Зборот сум го сретнал како таков во многу прилики, а можам и да ти демонстрирам дека така стои и во англиско-македонски речник ---> тука. Само напиши Hades и види што ќе излезе. Се разбира, додека работава не се реши, не би сакал да менувам, бидејќи сум 100% убеден дека тоа е така. Поздрав. --Б. Јанкулоски 23:02, 3 Април 2006 (UTC)
- Пербарав на Гугл „богот Хад“ и „богот Ад“ и за првото наоѓа само дв, а за второто само едно кои се однесуваат на него. Едното од ове што се за Хад е од Утрински Весинк и ним не би им верувал. Така да според пребарувањето во Гугл сме фифти-фифти.
Јас се водам по логиката дека тоа е еден ист збор заради тоа што се однесува и на подземјето (пеколот) и на богот на подземјето. На англиски тоа е исто, што е правилно, така да не гледам зошто би било различно на македонски. Доколку сметаш дека сепак на македонски се разликува, тогаш ќе го смениме. Таа разлика би се должела на грешка и непрофесионалност од страна на тие што ја направиле, но ние мораме да ги слушаме :-) --Б. Јанкулоски 09:48, 4 Април 2006 (UTC)
За кутиичките
[уреди извор]Кутиичките се нарекуваат Userboxes и можеш да ги најдеш тука со тоа што јас ги искористив само оние што се релевантни на мене,а плус си направив и нови. Проблемот е во тоа што овие сеуште не постојат на нашата Википедија и затоа ќе треба да ги копираш кај тебе наново (за фиксните) или да си ископираш некое, а потоа да му ја менуваш сликата, позадината, текстот и тн. и да си направиш свое врз база на него. Доколку ти треба помош со нешто или нешто да ти покажам, тука за да помогнам со сѐ што ќе побараш. впрочем затоа се кандидирам и за администратор нели? *By the way, гласаше? Се гласа За, Против или Воздржан за мојата кандидатура и засебно истото за кандидатурата на Комита. Значи ние не сме си конкуренција туку работава е само дали сте за или против за да стане администратор секој од нас засебно. Еве ја страната за гласање ---> Wikipedia:Администратори. Поздрав и прашувај што треба! :-) --Б. Јанкулоски 23:21, 5 Април 2006 (UTC)
Здраво!
[уреди извор]Ти благодарам за добрите зборови. Еве поклон од мене за новата корисничка страница -
Овој корисник е Комита. |
- И чкембар да си, може да бидеш Комита, не ми смета ;) --Комита 22:33, 8 Април 2006 (UTC)
Грчки
[уреди извор]Ако знаеш грчки можеш многу да помогнеш на англиската википедија. Нашите страници се под постојан напад од грците и постојано се координираат со пораки на грчки јазик. Само внимавај, некој од нив знаат македонски и шпиунираат дури и тука. Поздрав --Aleksandar SK 13:27, 30 Април 2006 (UTC)
Златна тегла ајвар
[уреди извор]... а за администраторската положба ќе ти објаснам како оди процедурата утре или задутре. Важи? :-) П.С. Користи --~~~~ или копчето за ставање потписи горе. Поздав --FlavrSavr 03:26, 5 Јуни 2006 (UTC)
Цитирам: а ова со потписо, нејќам линк да оставам, сакам да се мачи да ме најди тој шо му требам. Башка, што ти требаше овој едит - [1]?!? Вака, супер си како уредник (иако денес ја наполни Википедијата со статии на англиски јазик, кои, ако немаш намера да ги преведуваш, ќе ги избришам уште утре), ама мислам дека сеуште не си добар за администратор. Немаш учество во решавање на спорови, поголем дел од заедницата не те познава, имаш никнејм што веројатно ќе провоцира некој, сакаш да се мачат да те најдат тие што ќе им требаш (основна администраторска работа), а сега уште и не си ни гостопримлив, м?. Хм, и зошто би сакал да бидеш администратор, патем? Како и да е: можеш да се кандидираш за администратор на Википедија:Администратори, само уште од сега да ти кажам дека јас ќе гласам против. Барем сега за сега, едноставно не си погоден за таа функција. Ништо лично. Исто така, заборавив да ти кажам... дискусиите ги водиме на Википедија:Портал. Поздрав. --FlavrSavr 21:04, 5 Јуни 2006 (UTC)
- Уште една забелешка, не ми е јасно како не ги пратиш дискусиите што се водат? Имаш страница за Скорешни промени каде сè убаво се логира... --Милош 22:13, 5 Јуни 2006 (UTC)
ОК
[уреди извор]Вчера го видов тоа додека Colakoski беше во процес на пишување, па мислев дека ќе го научи системот во меѓувреме. Инаку си во право. Не сакам премногу да форсирам со новајлиите (има една политика на англиската Википедија се вика "Don't bite the newcomers"), зошто не сакаме да одбиеме корисници кои може имаат добра намера, ама ете не го научиле интерфејсот. Ако продолжи така да пишува ќе му укажам. --FlavrSavr 18:08, 2 септември 2006 (UTC)
Битола, леле ш'уба си
[уреди извор]Поздрав, другар! Како што гледам, од Битола си ти, па не би било лошо, ако имаш податоци и сознанија да направиш статии за Пелистер и Чкембари! :) A исто и да ги наполниш статиите за битолските маала и населби! Ако ти требаат слики од Москва (од било кој нејзин дел и знаменитост, музеите во Кремљ.......) слободно пиши ми! Поздрав! Македонец 21:43, 3 септември 2006 (UTC)
И мене некои работи не ми беа ич по ќефо, ама реков Македонија неможи и несмеи да биди оставена на бугарски, српски, грчки и останати вандали, да ја оцрнуваат и да шират лаги за нејзе на интернетов! (добро ли зборам битолски? многу битолчани ми викаат, многу накај прилепски сум терал:)
Кога беше во Русија (Москва), беше во Сергејев Посад? Имам и од таму дваесетина слики, па и од внатрешноста на црквите иако беше забрането да се слика. - Поздрав Македонец 18:26, 4 септември 2006 (UTC)
А то за Скопјанец ми е од LBakraceski, тој го имаше напраено! Инаку да ти кажам, бидејќи баба ми е стара скопјанка, правиот скопски (градски) говор е целосно изумрен, многу, многу малку луѓе го знаат! Ни Жабарот што се курчи дека стар Скопјанец не го знае! Не е проблем за Сергеев Посад да напрајме една статија, баш и проспекти имам на англиски и руски.
Гледам по метало си, па да те прашам, да не имаш бенд? Јас ко што знам, овде имат зборано за некој блек-метал бенд од Битола што требаше да дојди на свирка во Вулкан.
Да ти кажам брат искрено сите мислат дека сум од Прилеп (Прилепско Мариово:)!!! 12:28, 5 септември 2006 (UTC)
Ej само уште ова ме интересира, пошто и јас сум по гаражно-бендските работи (само што ние пичиме ои-панк), во Битола како се снаоѓате со места за свирење? Гаражи има ли, или како Морталити од Прилеп по дома свирите? Македонец 15:25, 5 септември 2006 (UTC)
Утре ќе ја симнам најновата верзија на МСН, па ќе ти ја дадам адресата за да можиме на раат да си збораме за Македонцките и Андерграунд работите! :) Македонец 17:33, 5 септември 2006 (UTC)
Да живее вечно МАКЕДОНИЈА!!! - Македонец 19:24, 10 септември 2006 (UTC)
Можеби ти си автор, ама сликата не би требало да оди како ГЛСД во никој случај :) Сменив во {{Лого}}... --Милош 09:53, 23 септември 2006 (UTC)
- Сега ќе ги додадам. Ако нема некој Лиценца, провери и на Категорија:Шаблони за слики. --Милош 09:57, 23 септември 2006 (UTC)
- Малце се збунив, веќе и јас незнам кои шаблони треба да ги ставам. Ај да се консултирам со правнициве, па ќе ги досредам. --Милош 10:03, 23 септември 2006 (UTC)
Средено. --Милош 11:02, 23 септември 2006 (UTC)
- Нажалост, неможе. Мислам дека планираат таква можност во следната верзија на МедијаВики. --Милош 11:09, 23 септември 2006 (UTC)
Букви
[уреди извор]Благодарам эа поправката на "э". Користат Mac и баш ме нервираше како иэгледа буквата "э" ама не сфатив дека Apple го имаат комплетно эеэнато кодот на буквата а не само фонтот. Да не энаеш како може да се промени? Ќе побарам сега на Google да видам дали може некако да се направи нов "mapping". Поэдрав од Сан Франциско. Vkire 23:27, 23 септември 2006 (UTC)
Maid of the Mist
[уреди извор]Мојот превод не беше баш најдобар ама твојот е уште полош. "Maid" на англиски во овој контекст не эначи слугинка туку "немажена жена, девица". Тоа эначење секогаш се користи эа бродови. Не энам дали имаме добар эбор эа тоа? Ако немаме, мислам дека најблиску ќе биде или "девица" или "мома".
Второ, "mist" на англиски не е магла. Магла се вика "fog". "Mist" е поширок поим кој опфаќа влажност на воэдухот што не е доволно голема и густа эа да стане магла. Мислам дека немаме эбор и эа тоа. Немам претерано проблем да остане магла, но, е скори исто погрешно како и "облак од вода". Би било добро да се најде подобар иэраэ. Vkire 17:09, 26 септември 2006 (UTC)
Ок, эа да не комплицираме, ќе го оставам магла, но, го эаменив "слугинка" со "мома". --Vkire 18:03, 26 септември 2006 (UTC)
э и з
[уреди извор]За „з“: другар мој (македонец) кој што работи во Apple направи интеререн "bug report" па се надевам дека ќе ја поправат буквата релативно скоро. Во меѓувреме, најдов решение. Со малку барање, налетав на програмата Ukelele со која што ја можев да направам промени на распоред на целата тастатура. Го заменив з-то и си додадов „ и “. :-) Треба да додадам страна некаде под „Помош“ со инструкции за да знаат и други кои што користат Мек.
Него, зошто не одговараш на оваа страна? Одговараш на мојата, а тука уствари ја започнав дискусијата... -Vkire 19:16, 26 септември 2006 (UTC)
ами така ќе ти излегва вест дека сум ти пишал, вака ќе треба да проверваш дали сум ти пишал или не, а веројатно ќе заборајш (знам, пошто јас заборавам) :)
Ја имам ставено страната на листа за набљудување, така да нема да ја утнам. -Vkire 19:20, 26 септември 2006 (UTC)
Категории
[уреди извор]Нема потреба да ставаш {{бришење}} на категории - тие воопшто не пречат и не влегуваат во вкупната бројка на статии. Во преводот на доста места (всушност скоро сите) користевме " како наводници, пополека ќе ги исправам сите. --Милош 01:18, 11 октомври 2006 (UTC)
Битола бабам Битола
[уреди извор]Брате фала ти за шаблоно што ми го прати! Го клајв на корисничката страна! - Македонец 19:18, 11 октомври 2006 (UTC)
Одг:те немаше некако
[уреди извор]Времето што го имам за Википедија, за жал, ми е сведено на минимум. Факултет, работа по најразлични проекти... се нема време. Се случува по цел ден ништо да не направам, а еве сега се заредија неколку дена. Не знам што да кажам, криво ми е... се надевам дека ќе се подобрам во иднина, ама што знам... Иначе, не знам колку некој примети, пред некој ден, ви испратив на сите поздрав на мојот блог! :) Некако ми падна криво што се збори колку блогерите направиле ова или она, а никој не ве спомнал вас... (јас стварно не сум за во листава во последно време). Во еден момент мислам дека бевме прва и единствена општа енциклопедија на македонски јазик - потоа се појави Британика, и сега излегува од печат МиАновата енциклопедија. Пред тоа немам чуено за ниедна наша енциклопедија од ваков тип. Во секој случај сме единствената онлајн енциклопедија на македонски јазик. Речиси никој не им кажал пофални зборови на луѓето што го работат ова, т.е. главно се негативни коментари од типот "не ја бива за ништо" (по кое не следува соодветното "ќе ја направам подобра"). Очекувам некои луѓе да си стават прст на чело кога ќе стигнеме до 10.000 статии. --FlavrSavr 23:22, 16 октомври 2006 (UTC)
За празните статии
[уреди извор]Ќе ги избришам деновиве, да ми помине само испитот... --Милош 18:38, 23 октомври 2006 (UTC)
Здраво
[уреди извор]Каде треба да гласам за Викицитат? Од оваа врската дека ми ја напиша не разбрав ништо. --Комита 00:02, 24 октомври 2006 (UTC)
Преводот
[уреди извор]Исправено. Што стана со упатството за администратори? :) --Милош 23:18, 25 октомври 2006 (UTC)
Wikiquote in Macedonian
[уреди извор]There is no need to upset. I just saw that stupid comment and I had to make a joke about it. :) I am actually not against Wikiquote in Macedonian at all - I believe that there is going to be just enough supporting votes, so my vote won't hurt a little. Regards, --George D. Bozovic 19:32, 28 октомври 2006 (UTC)
Админ привилегии
[уреди извор]Почекај уште пар саати, до 12 :) --Милош 17:39, 30 октомври 2006 (UTC)
- Честито, веќе си администратор. --Милош 13:13, 31 октомври 2006 (UTC)
Честито и од мене. Се надевам дека ќе бидеме добар тим во зачувувањето и контролата на Википедија. Boyan 16:19, 1 ноември 2006 (UTC)
Пренасочувања
[уреди извор]Те молам не ги бриши пренасочувањата (и врати ги оние што ги избриша). Ставани се со цел - адресата е case sensitive и многу често се пребарува со латиница. Овие страници не влегуваат во вкупната бројка. --194.149.135.94 14:02, 2 ноември 2006 (UTC)
- Епа ако има пребарување на англиската со кирилица, тогаш ќе има пребарување на македонската со латиница... т.е. сакам да кажам, која е смислата да го пиши пример Skopje да пренасочува кон Скопје? тој шо разбира македонски и чита македонска википедија, сигурно знај да пиши на кирилица... не мислиш така? а за case sensitive беше порано пример Обединети Нации и Обединети нации не е исто, ама сега има нов вики софтвер и исто е дали си напишал Обединети нации или Обединети Нации...
- Е тука си грешка, не е исто. Case insensitive е само првата буква. Доста корисници забораваат да користат македонска подршка (или воопшто немаат инсталирано), па имињата ги пишуваат на латиница. Претходниот коментар е мој, заборавив да се логирам. --Милош 17:38, 2 ноември 2006 (UTC)
За Уникод... Сакаш да ми кажеш дека има два исти карактери со различен код? Ух... не е проблем да се смени скриптата, само мука е сите веќе постоечки статии да се поминат. Може ќе го пуштам ботот за тоа, заедно со исправката за преземи. --Милош 11:03, 4 ноември 2006 (UTC)
Администраторе
[уреди извор]Ти пишувам за да ти посочам да го разледаш мојот предлог за слики на инфо-кутијата на статијата за Македонци, а бидејќи си администратор би сакал и да се произнесиш по мојо предлог, за да не биди после Маки Македонецо праел вака, праел онака!:) - Македонец 19:33, 2 ноември 2006 (UTC)
Потполно си во право за пишување со литературниот јазик, но мојот „скопски“ е проблем, па ве молам сите да помогнете.
Но, бришењето на оргиналните имиња во случајов на уметниците, мислам не си во право.
Примерот со детето што отвори страница КУБИЗАМ и неговото барање за некакви податоци за неговата тема по ликовно, доволно покажува дека поред нашиот треба да се пишува и оргиналниот назив-име као би можел на некој пребарувач да пронајде нешто повеќе (со кирилично и транскрипција мислам дека е НЕВОЗМОЖНО) Vladimir petkov 14:18, 4 ноември 2006 (UTC)
Правила
[уреди извор]Во ред, ако е такво правилото, такво е !!!!!
Зборот нагомилани = натрупани „скопски сленг“ (затоа ве замолив да поправите што не е во ред). Мислам дека имаме иста цел, месециве што се пред нас да достигнеме 10.000 статии.
Една замерка за симболите што ги ставате за никулци - сите се различни без стил.
Нели треба сите да се во еден стил т.е. симболот врз подлога на вики пазл:
-> -> -> -> -> |-> -> па одлучете вие, ова се неколку примери
Vladimir petkov 22:43, 4 ноември 2006 (UTC)
- Мислам дека Владимир е во право. Особено за никулците. Boyan 10:45, 5 ноември 2006 (UTC)
Хемиски елемент
[уреди извор]Зошто си ја избришал статијата хемиски елемент? Мислев да ја проширувам, и така беше никулец. Би ти сугерирал да не ги бришеш така одеднаш статиите туку да ставаш нукулец бришење, за да постои неколку дена, ако некој има против бришењето, да се започне дискусија. Поздрав, Boyan 15:55, 8 ноември 2006 (UTC)
Само првата линија ја менувам, сето друго го оставам како е во оргиналот (можеш да погледаш, во предходна верзија)
СЕПАК МИСЛАМ ДЕКА ЕДЕН ИСТИ СТИЛ ТРЕБА ДА ИМА ЦЕЛАТА ВИКИПЕДИЈА
а видов дека веке го поправи во еден ред текстот, а на 90% на никулците се во два реда.
Гледам дека немаш никаков осет за естетика, а и према написите НА ЛУГЕТО КОЈ САКАТ ДА ДОПРИНЕСАТ НЕШТО се однесуваш СИЛЕЏИСКИ ..... штета за другите администратори кој со тебе сега мораат да соработуваат
Ова е мојот последен поглед на ВИКИПЕДИЈА, БЛАГОДАРАМ
- Владимир, јас би ти кажал да продолжиш со уредувањата на Википедија, кои, морам да признаам се од корист на Википедијава. Сè може да се среди ;-) До Guitardemon: навистина, мислам дека си престрог при некои твои постапки. Олабави малку. ;-) Затоа постојат страници за разговор, да се разговара за постапките кои се превземаат на конкретната страница ;-) А постои и едно правило, макар што и ти си newcomer како администратор. Поздрав. Boyan 00:33, 9 ноември 2006 (UTC)
- Хм, што е точно проблемот? Како што приметив, новите слики стојат на статиите за никулци. Guitardemon, го читна ли упатството на ен.вики? Убаво прочитај ги и en:Wikipedia:Assume_good_faith и en:Wikipedia:Please_do_not_bite_the_newcomers. Владимир, навистина нема потреба вака да се откажуваш... --Милош 00:34, 9 ноември 2006 (UTC)
- Заборавив да споменам, потпишувајте ги пораките сосе време, инаку станува конфузно за следење. --Милош 00:37, 9 ноември 2006 (UTC)
- така је, абсољутно!јас се понашам силеџиски... јас само ти кажав, „ВЕ МОЛАМ прочитајте го упатството“, видете какви поврзани промени носи то шо го прајш... оти то <center> шо не го затвораш, го уништува форматирањето на цела статија кај шо се наоѓа тагот. епа сега јас ако сум крив оти сакав да ти кажам за да научиш, извини.
guitardemon666 муабет guitardemon666
КОМЕНТАР
[уреди извор]Гледам дека погрешно си го разбрал мојот коментар на твојата работа како администратор.
Зборовите не го права човек туку односот према другиот.
Ја пратев твојата желбаа да постанеш администратор, но привилегијата на администратор е протолкува на бришење а не на поука како да тие нови вики-мани ги подучиш технички и во стандард на вики да добијат кураж и технича образба да понатаму ја обогатат истата.
Еве ти еден пример: На професор Цуцуловски на неговите први текстови веднаш постави лепенка {внимание} (која откако некој ја тргна ти повторно ја врати, и стрикно нареди да не се вади), мислам дека најпвеќе можеше да постаниш никулец и проблемите на еден почетник да ги пратиш и со сугестии му помогнеш во почетокот а не да го одвратиш со лепенката {внимание} и нејзиниот текст.
Сепак такви луге како него се добродојдени на вики да ја обогатат со позначајни текстови македонската верзија на википедија.
P.S. Во исто време статијат за некојаси турбофолк пеачка од србија со пет збора и нејзина слика е останата нечепната - дали се тоа нашите идеали и репери!.
Така да твоето „само ти кажав, „ВЕ МОЛАМ“ не е во зборот.
Petkov Vladimir 10:08, 9 ноември 2006 (UTC)
Тагот внимание не треба да претставува навреда, не сфаќам шо е навредливо... !? Баш тагот внимание значи дека на статијата ѝ треба внимание, дека треба некој да ја доуреди. инаку статиите не се на тој шо ги почнал, туку статиите се на википедија... шојма врска ако професоро ја почнал статијата, јас ако мислам дека можам да ја подобрам ќе ја подобрам, то е идејата на википедија. не е работата тој ако ја почнал, никој не смеј да ја гиба... е сега ако то ве обесхрабрува да работите овде, не е до мене проблемот... а мислам дека треба да прочитате како да уредам статија (македонското не е баш комплетно, прочитајте на англиската википедија)за да видите како треба да изгледа една статија на википедија. има свој карактеристичен изглед, секции и слично. а то со статии шо не се добри, нема проблем, кажете, неможам јас 15000 страници истовреме да пазам и да надгледвам. зато се тука админите, за да поправат то шо не чини, нешто шо обичните корисници не можат да го попрат... макаршо ова можевте и вие да го смените. не сфаќам како јас штетно влијам на википедија да ви кажам право... ама ајде, нека ви е, професорите се секогаш во право, изгледа јас треба да се откажам од википедија...
Коментар на КОМЕНТАРОТ
[уреди извор]Еве уше еден пример за твоето однесување:
Пред да го напишеш одговорот на мојот коментарот веднаш избиша статија без да ја погледаш (насловното име беше на латиница а текстот на кирилица) за наша писателка мислам од Струмица или ... кој беше пристоен за почетник. (има многу полоши).
Мислам дека требаше да го промениш насловот и да го поставиш твоето фамозно {внимание} за да се доуреди текстот.
• (разл) (ист) . . с Разговор со корисник:Guitardemon666; 11:01 . . Guitardemon666 (Разговор | придонеси) (→КОМЕНТАР)
• (Дневник на бришењата); 10:49 . . Guitardemon666 (Разговор | придонеси) (избришано "Vanja Izova Veleva")
• (разл) (ист) . . Разговор со корисник:Guitardemon666; 10:08 . . Petkov Vladimir (Разговор | придонеси) (КОМЕНТАР)
Вака само со брзоплето бришење МАКЕДОНСКАТА ВИКИПЕДИЈА никогаш нема да се искачи погоре и со повеќе текстови нарочно за домашните.
Сепак мислам дека првата работата на администраторите е да го направат упатството на разбирлив и достапен македонски јазик (не да упатуваш на англиски).
А за секој почетник кој сака да се вкучи, администраторот мора да помогне во подигањето на разбирањето на компјутерската технологија, а со тоа и на МК ВИКИ.
Затоа седни и направи упатство на МАКЕДОНСКИ, заборави малку на твојот Метал, Рок, Поп да лугето можат да ја надградуват википедијата.
Ова е мојот последен коментар со тебе, и не го чекам твоето повторно оправдување.
Владимир Петков 217.16.69.101 12:09, 9 ноември 2006 (UTC)
- Ајде, луѓе, без навреди. Сите сме тука со една цел - најквалитетна македонска Википедија. Boyan 21:13, 9 ноември 2006 (UTC)