Разговор со корисник:Davidk

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добредојде!

Здраво, Davidk, и добредојде на Википедија! Благодариме за Вашите придонеси. Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, слободно обратете ми се мене, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде!--Kiril Simeonovski 20:25, 4 септември 2008 (UTC)

Ако имате некои други прашање слободно прашајте ме или прашајте некој друг поискусен уредувач.Поздрав.--Kiril Simeonovski 20:25, 4 септември 2008 (UTC)

Понуда за помош![уреди извор]

Гледам дека си нов и би сакал да ти помогнам во тоа што го работиш. Правиш статии поврзани со Очајни Домаќинки. Јас лично не гледам Очајни Домаќинки но сакам да ти помогнам во врска со техничкиот дел со статијата што ја работиш моментално. Затоа те молам кога ќе го видиш ова пиши на мојата старана за разговор и се ќе ти кажам што е проблемот со статијата. Поздрав. --Макс(разговор) 16:11, 30 септември 2008 (UTC)

Проблемот е овој![уреди извор]

Конкретно за статијата Кетрин Мејфер. Прво да те пофалам дека си одличен уредувач за толку кратко време. Вака сега:

  1. Подигни ја потребната слика!!! Имаш упатство како. Јас можам веднаш да ја подигнам но најубаво е ти да се научиш да подигнуваш ако имаш прашање во врска со тоа кажи ми!
  2. Ова сега што ќе го кажам не е толку страшно но сепак ќе ти го кажам а тоа е дека најубаво е да ги видиш статиите за ликови од Вовед во анатомија пример Изи Стивенс. Јас лично ги имам изработено и можеш да земеш пример од нив.
  3. Во полето за опис напиши во кратки црти тоа што си го напишал за статијата а не нешто како да оваа статија да биде сочувана.

Сакам само да кажам дека сум воодушевен од твојата работа и сакам да те прашам дали планираш да станеш нормален и редовен корисник кој ќе изработува секакви статии. Немој да помислиш дека ова што ќе ти го кажам за таа статија е дека сакам да те навредам или да омаложавам.

Бидејќи си како мене сакам да кажам имаш интерес да уредуваш статии поврзани со ликови сакам да ти дадам еден совет а тој совет јас го имам сватено од „долгото мое искуство“ а тоа е дека: Американската википедија има неквалитетни статии поврзани со серии. Што значи бидејќи ти ја имаш глеано серијата како јас вовед во анатомија знам дека немаат се напишано они за ликовите само во глобала а ти сакаш читателите да имаат убаво да се начитаат што значи подели ја страната на секции кои тебе ти одговараат не мора да бидат истите од англиската по тоа искористи го текстот од англиската но и додади твој текст. Ако сакаш можам да ти помогнам во се затоа прашај ме за што сакаш и поздрав.--Макс(разговор) 12:16, 1 октомври 2008 (UTC)

За сликите![уреди извор]

Супер тоа е одлично но најлесно за тебе е да ја земеш сликата од англиската википедија а не од интернет бидејќи така може да нема соодветна лиценца. Затоа следи ја мојава постапка.

  1. Оди во англиската статија на Кетрин Мекфеј потоа таму стисни на сликата ќе се отвори нова страна.
  2. На оваа страна стисни уште еднаш на сликата.
  3. На ова место сега што си стисни десен клик на сликата и зачуваја на твојот компијутер.
  4. Откако ја имаш зачувано врати се на англиската статија за Кетрин Мекфеј ваму сега повторно стисни на сликата и потоа стисни го копчето уреди.
  5. Копирај се што е дадено откако ќе го стиснеш копчето уреди.
  6. Сега оди на македонската википедија и стисни „подигни слика“. Сега оди на Browse и најди ја сликата на твојот компијутер стисни ОК и во полето „опис“ само стисни паст за да се стави тоа што го копираше. Сега преведи се што можеш и откако ќе го преведеш само подигни ја сликата.
  7. Со ова добиваш: подигната слика со точна лиценца и дозвола за користење и уредно подигнување. ;).

Се надевам дека ме разбра за се! Ако имаш додатни прашања слободно прашај.

П.С. Сликата која ја имаш подигнато е одлично подигната но за да избегнеш караница со администратор за тоа дека ја имаш грешно подигнато сликата најубаво да ги користиш сликите од англиската википедија. За да не дојде до непосакувани конфликти со одредени администратори (администраторите ни се супер ама некогаш може да викант :)).--Макс(разговор) 12:36, 2 октомври 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222[уреди извор]

Иницијатива 22.222
         Здраво, Davidk!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Поставена е ознака на Хари Потер (лик) со која се бара да биде избришана од Википедија по брза постапка. Тоа е направено заради следнава причина:

ВП:КББ#СТ2 - Статија со премногу мала содржина (без текст, само инфокутија)

Под критериумите за брзо бришење, статиите кои не ги исполнуваат основните стандарди на Википедија можат да бидат избришани во секое време. Ако можете да покажете зошто е статијата или содржината соодветна, можете да го предизвикате бришењето. За да го направите тоа, додадете {{ејпочекај}} на врвот на страницата и оставете објаснување на страницата за разговор на содржината во кое ја прикажувате Вашата позиција. Ве молиме самите да не ја отстранувате ознаката за бришење, но не се двоумете да додадете информации кои ќе ја подобрат важноста на темата и ќе овозможат содржината да е исправна во однос на нашите стандарди. Доколку имате било какви прашања, консултирајте се со Википедија:Прашања за да утврдите каде да го поставите. Благодарам за Вашето разбирање, --Brainmachinewtf? 19:12, 9 јануари 2009 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Davidk!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 15:13, 24 јануари 2009 (UTC)