Кетрин Мејфер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кетрин Мејфер
Katherine Mayfair
лик од 'Очајни Домаќинки'
Прво појавувањеСега знаеш
СоздавачМарк Чери
ТолкуваДејна Делани
Информации
АлијасКети (нагалено од нејзиното име, дадено од Вејн Дејвис)
Кетрин Симс (моминско презиме)
Кетрин Дејвис (поранешно венчано име; со Вејн Дејвис)
Кетрин Мејфер (сегашно венчано име)
ЗанимањеДомаќинка, снабдувач, декоратор на забави и свадби
СемејствоЛилиен Симс (тетка; почината)
г-дин Симс (братучед)
СопружникВејн Дејвис (прв сопруг; починат)
Адам Мејфер (втор сопруг)
ДецаДилан Мејфер (посвоена ќерка)
Дилан Дејвис (ќерка; почината)

Кетрин Мејфер (англиски: Katherine Mayfair) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Очајни Домаќинки. Ликот е толкуван од Деjна Делани, а создаден од Марк Чери.

Пред четвртата сезона[уреди | уреди извор]

Позната како Кетрин Дејвис кога ја напуштила Вистерија Лејн, живеела во куќата број 4356, Вистерија Лејн (куќата во која Мајк Делфино живееше за време на првата сезона) 12 години пред времето од четвртата сезона. Го делела домот со нејзината ќерка Дилан и нејзината тетка Лилиен, која била и сопственичка на куќата. Во текот на четвртата сезона се открива дека Кетрин била физички малтретирана од нејзиниот тогашен маж, Вејн Дејвис. Поради тоа Кетрин, Дилан и Лилиен избегале на неколку години.

Како што е откриено во финалето на четвртата сезона, додека Кетрин живеела на Вистерија Лејн, една вечер Дилан ја чувала Мери Елис Јанг. Кога Кетрин и Лилиен се враќале дома, Мери Елис Јанг им кажува дека Вејн поминал кај нив да ја види Дилан и ѝ оставил кукла како подарок. Кетрин веднаш ја тргнува куклата и ја крие високо на еден шкаф. Подоцна, Вејн се враќа кај Кетрин и започнува караница меѓу нив двајца, каде што Кетрин го удира Вејн со свеќник, со што Вејн си оди. Во епизодата Недела, се открива дека внукот на Сузан, бил сведок на караницата помеѓу Кетрин и Вејн. Чувствувајќи се дека се ослободиле од Вејн, Кетрин и Лилиен прославуваат.

Додека Кетрин спие, Лилиен вреска од собата каде што спие Дилан. Кетрин веднаш оди таму и со Лилиен го откриваат мртвото тело на малата Дилан, смачкана од шкафот сакајќи да ја земе куклата. Кетрин мисли дека Вејн е многу силен како полицаец и може да ги обвини за убиството на Дилан и заедно со Лилиен решаваат да ја закопаат Дилан во шумата. Следниот ден им објаснува на Мери Елис Јанг и на Сузан дека се сели во Чикаго.

Кетрин посвојува мало девојче од романско сиропиталиште кое личи на Дилан со цел да ја прикрие смртта на Дилан. Неколку години подоцна, во Чикаго таа повторно се мажи, со Адам Мејфер, гинеколог. Додека живееле во Чикаго, Адам имал афера со негова пациентка, Силвија. За да избегнат срам, семејството Мејфер се вселува на Вистерија Лејн, мислејќи дека Вејн повеќе нема да ги бара. Ја вселуваат и болната Лилиен, која набргу умира. Доселувањето на Кетрин го означува почетокот на четвртата сезона.

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

Кетрин Мејфер првпат се појавува во епизодата Сега знаеш, вселувајќи се во куќата каде што порано живел Мајк Делфино. Со самото доаѓање таа е препознаена од Сузан Маер како и од нејзината ќерка Џули, која како дете била пријателка со ќерката на Кетрин, Дилан. Џули среќна од повторната средба со Дилан се обидува да ја потсети дека биле најдобри другарки како деца, но за жал Дилан тврди дека и да биле таа не се сеќава ниту на нивното пријателство ниту на нејзиниот живот на Вистерија Лејн.

Со самото доаѓање Бри Хоџ започнува соперништво со Кетрин. Бри која е беспрекорна домаќинка, секогаш со одлични готвачки рецепти, со свеж совет за пријателките и со прекрасни планови за забави од соседството започнува соперништво со Кетрин која со своите рецепти и свежи идеи почнува да привлекува жителите на Вистерија Лејн. Соперништвото продолжува на се повисок степен, додека и двете не сфатат дека една соперништво всушност многу лесно може да се претвори во прекрасно пријателство.

Во деветтата епизода од оваа сезона, Нешто доаѓа торнадо доаѓа на Вистерија Лејн, а во тој момент поради испреплетена низа настани Кетрин и Адам ги посетува стара љубовница на Адам, која имала афера со него додека живееле во Чикаго. Кетрин е лута, а Силвија се заклучува во собата наменета за засолниште на семејството Хоџ, па Кетрин и Адам престојуваат кај Бри за време на торнадото. Тогаш Кетрин открива дека Адам навистина имал афера со Силвија што го доведува нивниот брак во прашање. За време на торнадото, Силвија излегува надвор и веднаш е проголтана од торнадото.

Во финалето на оваа сезона, нејзиниот поранешен маж, Вејн Дејвис ја посетува Кетрин и заедно со Бри ја држи како заложник со цел таа да му ја каже вистината за Дилан, поради сомнежот на Вејн дека Дилан не е вистинската нивна ќерка. Кетрин одлучува да ја каже целата вистина, но веднаш потоа Вејн сакајќи да пука во Кетрин доаѓа Адам и пука во Вејн. Мистеријата околу Кетрин е конечно излезена на виделина и сезоната завршува со прекрасна насмевка на Кетрин упатена кон четирите домаќинки кои го набљудуваат настанот и со прегратка од ќерка си.

Петта сезона[уреди | уреди извор]

Петтата сезона започнува пет години по настаните од четвртата сезона. Со целата вистина околу минатото на Кетрин излезена на виделина Кетрин е конечно прифатена од страна на домаќинките. Нејзиното соперништво со Бри е преобразено во професионална соработка и заеднички готвачки бизнис. Но иако навидум конечно пријателку, Бри е таа која го добива сето медиумско внимание и станува добро позната како автор на книги за готвење, книги полни со рецепти на Кетрин кои ја доведуваат и нивната соработка во прашање.

Во оваа сезона Кетрин започнува врска со Мајк Делфино, на незадоволство на Сузан која сè уште има скриени чувства кон него. Што се однесува до мажот на Кетрин, Адам тој повеќе не е пристутен во нејзиниот живот, иако е не познато дали таа е вдовица, разведена или пак разделена од него. Ќерката на Кетрин, Дилан е среќно свршена во Париз со момче по име Бредли и очекува дете.