Разговор:Сергеј Станишев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Потекло[уреди извор]

Сергеј Станишев не е со потекло от Украина, туку е роден во Украина. Со потекло од Македониjа е. --Стан (разговор) 12:17, 3 јануари 2009 (UTC)

Па тоа и пишува: ...политичар од Бугарија роден во Украина...-- MacedonianBoy  Oui? 12:18, 3 јануари 2009 (UTC)
Значи овој Станишев нема врска никаква со бугарскиот народ. Јака работа.-- MacedonianBoy  Oui? 12:25, 3 јануари 2009 (UTC)

Ова беше класично пропагирање - бил од Македонија, само тоа да се нагласи. Класична пропаганда. Boyan (разговор) 12:29, 3 јануари 2009 (UTC)

А исто така и овде, намеро ја ставиле оваа реченица Въпреки че носи руско презиме, баща му е българин - Димитър Станишев за да се заслепи народот во Бугарија и да се поткрепи БГ пропаганда.
Шо направивте бе туку во Бугарија се е пропаганда :))) па слезете малце на земјава или прочитајте барем една книга :))) --Li4kata (разговор) 13:00, 3 јануари 2009 (UTC)

Ајде, ајде - без сарказам. Книги има многу, прочитај и ти по некоја. Boyan (разговор) 14:06, 3 јануари 2009 (UTC)

Бугарскиот премиер Станишев е со потекло од Македониjа за македонскиот новинар Виктор Цветаноски и македонскиот "Утрински весник". Мора да ги почитувате сопствените македонски извори. Поздрав, Boban Krumeski (разговор) 07:38, 5 јануари 2009 (UTC)

И што сега? Да ја превртиме вселената наопаку? Boyan (разговор) 11:07, 5 јануари 2009 (UTC)

Не, доволно е да ги почитуваме изворите. Boban Krumeski (разговор) 14:32, 5 јануари 2009 (UTC)

Крумески, смири си ги бугарските страсти. Сергеј Станишев НЕ Е од Македонија, туку неговиот татко. На ниедна Википедија не пишува дека Станишев е од Македонија. И престанете вие (одредена група на луѓе) да ,,харате‘‘ по македонската Вики, ништо нема да постигнете на таков начин. Boyan (разговор) 18:12, 5 јануари 2009 (UTC)

Со потекло од Македониjа се и оние, кои се втора генерациjа иселеници или бегалци. Зарем македонската диjаспора во Канада и Австралиjа, родена таму од родители иселеници, не е од македонско потекло? Види jа статиjата Macedonian Canadians и примерите како John Bitove, Sr., дека пишува "John L.N. Bitove, Sr. or John Bitov (born 1928 in Toronto, Canada) is a Canadian businessman of ethnic Macedonian descent." Роден во Канада со македонско потекло. Слично е и со Сергеj Станишев - бугарски политичар со потекло од Македониjа. Доста со двоjни стандарди од тебе. Boban Krumeski (разговор) 08:10, 6 јануари 2009 (UTC)
P. s. Боjане, немаш право да бришеш веродостоен македонски извор. Може да бараш други извори, али да бришеш постоjните - не. Тоа е вандализам. Имаме ли македонски извор, коj тврди дека Станишев е со македонско потекло? Да. Имаме ли извор, коj тврди дека Станишев не е со македонско потекло? Не. Википедиjа се уредува на основа на извори, не на голи зборови како твоите. Краj. Boban Krumeski (разговор) 08:15, 6 јануари 2009 (UTC)

Едноставно, ако некој си напишал статија во весник, тоа не значи дека тоа можеме да го третираме како извор. Да, Википедија се базира на извори, но на релевантни извори. Boyan (разговор) 12:11, 6 јануари 2009 (UTC)

Весниците се релевантни извори за Википедиjа, види Wikipedia:Citing sources, дека е опишано како да бидат цитирани тие. Подолу имаш и интервjу со самиот Станишев во бугарскиот весник "Сега" со истата информациjа. Немаш ни еден аргумент да бришеш. Доста со двоjни стандарди. Boban Krumeski (разговор) 12:42, 6 јануари 2009 (UTC)

Овој тип на статии од весник (белетристичко-забавни) секако дека не се релевантни за Википедија. И немој те молам да ми зборуваш за двојни стандарди, бидејќи ти (и твоите пријатели, со кои може сте и sockpuppets) доаѓате да уредувате тука кампањски на само еден вид специфични статии (што укажува на агенда), а потоа зборуваш за тоа дека ти се познати правилата на Википедија. Boyan (разговор) 12:49, 6 јануари 2009 (UTC)

Како прво, подолу имаш интервjу со самиот Станишев, во кое се тврди истото. Или и премиерот Станишев зборувал пред весникот "Сега" белетристичко-забавувачки?! Како второ, весници се цитираат масовно во македонската Википедиjа како извори. Примери за цитирање конкретно на "Утрински весник" имаш во многу статии, еве примери: Ден на востанието на Република Македонија, Васил Иљов, Учителска школа (Скопје), Илузија (филм), Орден за заслуги за Македонија... Сакаш ли уште примери? Доста со двоjни стандарди од тебе. Boban Krumeski (разговор) 12:55, 6 јануари 2009 (UTC)

Како второ, подолното интервју кажува дека родот на башта му е македонски. Не зборува за самиот Станишев, кој е роден во Украина. А другото интервју е од бабата Стоја, која зборува за тоа каде живеело семејството на Станишев, а не и самиот Станишев. Затоа, престани со твоите подли и упорни обиди за пропагирање. Boyan (разговор) 13:08, 6 јануари 2009 (UTC)

Изгледа за тебе родот на таткото не е и род на синот? Апсурди... :-D Boban Krumeski (разговор) 13:15, 6 јануари 2009 (UTC)

Немој да го тераш муабетот во друга насока, јас мислам дека родот на таткото е род и на синот (што е многу нормално), затоа и си пишува во статијата дека татко му е од Македонија, роден во Македонија. Работата е што ти сакаш да му сервираш (пропагираш) на читателот на статијата дека бугарски премиер е со потекло од Македонија. Тоа доволно е да се спомне еднаш (во случајов, со тоа дека татко му е родум од Македонија). Инаку, зошто не кажеш дека е родум и од Русија или Германија? Или тоа се земји кон кои Бугарија нема претензии? Зошто толкаво внимание посветуваш на татко му, а не на мајка му? Твојата агенда е очигледна, така да немој да им зборуваш на другите за двојни стандарди. Boyan (разговор) 13:24, 6 јануари 2009 (UTC)

Одлично. Кога родот на таткото е македонски, и родот на синот е македонски. Исто како и со John Bitov, коj е роден во Канада, али е со потекло од Македониjа, така и Сергеj Станишев е со потекло од Македониjа. Заклучок - Сергеj Станишев е бугарски политичар (со потекло) од Македониjа. Просто и едноставно. И докажано со многу извори, македонски и бугарски. Не претеруваj со одрекување на очигледни извори и податоци. Boban Krumeski (разговор) 13:29, 6 јануари 2009 (UTC)

А чекај, чекај - ти не претерувај со пропагирање. Него сега ќе се обидам колку што можам повеќе да ја неутрализирам статијата. Boyan (разговор) 13:31, 6 јануари 2009 (UTC)

А, не. Прво мора да имаме консензус овде, а потоа да уредуваш. Исто така мора да ги почитуваш наведените извори, а не да ги бришеш. Патем, досега ти не си дал ни еден извор во смисла дека Станишев нема македонско потекло, така што... не гледам за каква неутралност надвор од изворите зборуваш. Boban Krumeski (разговор) 13:33, 6 јануари 2009 (UTC)

Немој да си off-topic. Патем, средив. Boyan (разговор) 13:36, 6 јануари 2009 (UTC)

Категориjата Бугарски политичари од Македониjа мора да се врати. Немоj да бришеш само на основа на голи зборови. Boban Krumeski (разговор) 13:41, 6 јануари 2009 (UTC)
Исто така мора да се вратат избришаните извори. Се виде дека немаш ни еден аргумент против тие цитати. Boban Krumeski (разговор) 13:43, 6 јануари 2009 (UTC)

Не. Соодветно (и точно) би било да создадеме категорија:Бугарски политичари од Украина. Boyan (разговор) 13:48, 6 јануари 2009 (UTC)

Не, Станишев е истовремено со македонско потекло, и роден во Украjна, така што едното не го исклучува другото. Апсурдно е да се тврди дека родот на таткото е македонски, а да не се напише дека Станишев е бугарски политичар од Македониjа. Накраj, сите извори мора да се вратат. Boban Krumeski (разговор) 13:53, 6 јануари 2009 (UTC)

48 premieri od 2005 godina. Ova mora da e rekord[уреди извор]

Vo statijata pisuva deka bugarija imala 48 premieri od 2005 g. Proverete ja informacijata. Pozdrav, 77.28.10.147 (разговор) 10:12, 5 јануари 2009 (UTC)

Да ги читаме изворите[уреди извор]

Виктор Цветаноски, Македонците крем на бугарското општество (2), Струмичка Штука и' даде премиер на Бугарија, Утрински весник, број 2858, среда, 10 декември 2008:

Актуелниот бугарски премиер Сергеј Станишев има длабоки македонски корени.
Станишеви се бегалци од кукушкото село Грамадно, подоцна прекрстено од грчките власти во Карпион. И тие, како и многу други егејски семејства, побегнале по големиот терор што го вршеле врз Македонците грчката војска и паравоените формации за време на Балканските војни во 1913 година. Кога пристигнале во Штука, се вселиле во напуштените турски куќи.
Младиот Димитар Станишев, таткото на Сергеј, откако ќе стаса во Софија, ќе ги искористи сите шанси што ќе му се дадат во новата средина. „Митко ќе учи многу, ќе стане голем“, коментира баба Стоја. Таткото на Сергеј заземал високи раководни места во времето на Тодор Живков. Бил избран и за секретар на Централниот комитет на БКП, кој одговарал за меѓународните врски на партијата.

Уште една статиjа од истата сериjа: Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (1), Вовед, "Утрински весник", број 2857, вторник, 9 декември 2008:

Клучните политичари што ја раководат денес бугарската држава имаат македонски корен. Семејството на премиерот Сергеј Станишев потекнува од Егејска Македонија, а за време на Балканските војни пребегало во струмичкото село Штука, каде што е роден неговиот татко.

Поздрав, Boban Krumeski (разговор) 08:46, 6 јануари 2009 (UTC)

Убаво вели изворот. Сенејството на Станишев потекнува од егејска, но тој воопшто лично не. И прекини со твоите тролосувања тука. --Raso mk (разговор) 08:49, 6 јануари 2009 (UTC)

Уште еден извор, овоj пат бугарски: "Сергей Станишев между наследството, политиката и Елена. Във вените на младото лице на БСП тече македонска, руска и немска кръв", весник Сега, 09. 11. 2005 г.:

Родът на баща му е македонски. През 1913 година, по време на Междусъюзническата война, семейството на Сергей бяга от дома си в Кукуш от гръцката армия, която доста твърдо се е отнасяла към българите. Стигат до Дупница и когато войната свършила, решили да се върнат. Границата обаче вече е прокарана и те остават от другата страна, а родът се заселва в едно изоставено турско село. След Първата световна война пък това село преминава в територията на Югославия. "Така че баба ми е родена в Гърция, а баща ми е роден в Югославия", разказва Сергей. В началото на 30-те семейството му окончателно се установява в България - в София.

Да ги почитуваме изворите. Boban Krumeski (разговор) 08:59, 6 јануари 2009 (UTC)

И што сега? Да ти купам точак? --Raso mk (разговор) 09:04, 6 јануари 2009 (UTC)

Станишев за неговата маjка[уреди извор]

Етничкото потекло на маjката на Сергеj Станишев, опишано од самиот Станишев:

"Не, аз съм и европеец, защото пък по майчина линия имам руска и немска кръв", отвръща Сергей. Едната половина от майчиния му род са прибалтийски немци, а другата - северни руснаци.

Извор: "Сергей Станишев между наследството, политиката и Елена. Във вените на младото лице на БСП тече македонска, руска и немска кръв", весник Сега, 09. 11. 2005 г. Зошто овде упорно се пишува дека таа била со евреjско потекло? Boban Krumeski (разговор) 13:39, 6 јануари 2009 (UTC)

brest-bot проверка на правопис[уреди извор]

  • септември име на месец со кое не почнува реченица, со мала буква.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 02:34, 28 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.