Разговор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Разговор е форма на интеракција, спонтан комуникација помеѓу дваица или повеќе луѓе. Типично се појавува во усна комуникација, комуникација во вид на пиошана форма обично не се нарекува разговор. Развојот на комуникациски вештини и култура претставува важен дел од процесот на социјализација. Развојот на разговорните вештини во рамки на нов јазик претставува наочено вниумание на јазична настава и учење. Анализа на разговор е гранка во рамки на социологијата која ја изичува структура на организацијата на човечката интеракција, со поголем специфичен фокус на итеракција во разговор.

Карактеризација и дефиниција[уреди | уреди извор]

Студент и професор разговараат воШимер Колеџ.

Не постои генрално прифатена дефиниција за поимот разговор, и покрај фактот за да се одвива разговорот потребно е најмалку две лица. [1] Послењдователно на тоа терминот често се дефинира како нешто што не е. Ритуална размена како меѓусебно поздравување не претставува разговор, и интеракција која вклучува означена дефиренцијална состојба ( како наредби од газда )исто така не претставува разговор.[2] Интеракција насочена кон некоја тема или намера исто така не се смета за разговор. [3] Сумирајќи ги својствата, се доаѓа до сознание дсека " Разговор претставува вид на говор кој се случува информативно, и со цел на воспоставување и одржување на социјални врски. "[4]

Од помалку техничка гледна точка, бонтонист од почетокот на 20 век го дефинира разговорот како љубезно давање и зимање помеѓу субјекти преку зборување на луѓе помеѓу себе за друштво. [5]

Разговорот следи правила на бонтон, бидејќи разговотор претставува сцијална интеракција, и затоа зависи од социјална конвенција. Специфични правила на разговорот потекнуваат од принципи на соработгка. Неуспехот да се придружуваме до овие правила предизвикува разговорот да се влоши или евентуално да се сведе до крај. Како резултат на она што е претходно кажано е придонесот кон подобрување на разговорот. Разговорот може да биде оптимална форма на комуникациј, во зависност од тоа како учесниците намеруваат да се заврши.Разговорот може да биде идеален кога, на пример, секоја страна посакува релативно еднаква размена на информации, или кога страните посакуваат да создадат социјални врски. Од друга страна, ако постојаноста или способноста да се разгледуваат таков вид на информации е важна, писмената комуникација може да биде идеална. А доколку пак временски ефикаска комуникација е нјважна, тогаш говорот може да биде најпрефириран.

Класификација[уреди | уреди извор]

Дискусии[уреди | уреди извор]

Еден елементите од кои се состои разговорот е дискусија: споделување на мислења за теми кои се предмет на разговор во моментот. Во учтиви општества темата на разговор се менува пред таа да стане предмет на расправа. На пример, кога во теологијата кога се "дискутира" никој не инсистира некој посебен осврт да биде прифатен. [6]

Субјект[уреди | уреди извор]

Многу разговори можат да бидат поделени на четири категории според нивната содржина:

  • Разговори за субјективни идеи, кои често служат да се прошири разбирањето и свесноста.
  • Разговор за објективни факти, кои служат за консолидирање на широко прифатен став.
  • Разговор за други луѓе (вообичаено отсутен), кој може да биде целосно критичен,конкурентен или подржувачки. тоа вклучува и озборување.
  • Разговор за себе, кои некогаш вклучува потреба од внимание однесување или може да обезбеди релевантни информации за себеси на учесниците во разговорот.

Практично, неколку разговори спаѓаат во една категорија. Сепак, сразмерната распределба на било кој даден разговор помеѓу категории може да овозможи корисни прихолошки увид на групата разговарачи. Ова е причината поради која разговорите тешко се категоризираат.

Функции[уреди | уреди извор]

Повечето разговори можат да се класифицираат според нивната цел. Крајот на разговорот може да се менува во тек на разговорот.

  • Функционален разговор е дизајниран да собира информации со цел да помогне во постигнување на индивидуална или групна цел.
  • Муабет е вид на разговор кога темата е најмалку важна од постигнување на социјална цел зближување помеѓу луѓе или управување со лично одалечување.

Аспекти на разговор[уреди | уреди извор]

Разлики помеѓу мажите и жените[уреди | уреди извор]

Студијата извршена во Јули 2007 година од страна на професор Матијас Мехл од Универзитетот во Аризона дава резултати спротивни од народното популарно верување, постои мала разлика во бројот на зборови употребувани од мажи и зборови употребувани од жени во рамки на разговор.[7] Студијата покажува дека во просек и двата пола користат 16,000 зборови на ден.

Разговор помеѓу туѓинци[уреди | уреди извор]

Постојат одредени ситуации, вообичаено се среќаваат при патување, кое резултира со споделување на она што вообичаено би претставувало интимен општествен простор како седење заедно во автобус или во авион. Во такви ситуации има поголема веројатност туѓинците да споделат интимни лични информации кои што обично не би ги споделиле со туѓинец. Посебен сличај е кога еден од патниците е професионалец за ментално здравје а другиот споделува детали од својот личен живот со цел да добие помош или совет. [8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Варен 2006, стр. 8.
  2. Варен 2006, стр. 8-9.
  3. Варен 2006, стр. 9.
  4. Торбурн & Slade 2006, стр. 25.
  5. Конклин, Мери Грер. 1912. Разговор Што да се Каже и Како да се Каже, pp. 21 - 32. Њујорк и Лондор: Фанк & Вагналс Копмнија.
  6. Конклин, Мери Греер. 1912.Разговор: Што да се Каже и Како да се Каже" pp. 35 - 60 Њујорк и Лондон: Фанк & Вагналс Компанија.
  7. Newscientist.com Роксана Камиси, NewScientist.com портал за вести 6 July 2007: Мажи – другито зборлест пол. Им се заблагодарувам што ми допуштија да го направам ова истражување.Проверено на 8 Јули 2007 година.(Оригинален чланок Дали Жените Навистина Повеќе Зборуваат отклоку Мажите?, Наука 6 Јули 2007: 82 doi:10.1126/science.1139940.)
  8. "Заробен: Терапефт во авион" статија од Лиз Галст во The New York Times 27 Септември 2010, пристапено 28 Септември 2010