Прејди на содржината

Раде Дичоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раде Дичоски
Роден 21 април 1966
Мало Коњари, СР Македонија, СФРЈ
Занимање аниматор и илустратор

Раде Дичоски (Мало Коњари, 21 април 1966 ) — македонски аниматор и илустратор.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дичоски е роден на 21 април 1966 година во прилепското село Мало Коњари, каде после завршеното основното училиште, тој заминал во Нови Сад во военото медицинско училиште. Како воен старешина, тој рабоел во ЈНА, а во меѓувреме, тој се занимавал со сликарство и кратки стрип приказни за војничките списанија. По осамостојувањето на Македонија, тој работел во АРМ и продолжил да работи на македонските народни приказни собирани од Марко Цепенков и можноста тие да бидат прикажани во стрип. Во 2005 година, било издадено и првото стрип списание со македонски народни приказни каде главни ликови се Ѓорѓи и Шенка Колозови како едни од најприфатените за претставување на народните македонски приказни. Со цел посликовито да биде доловен начинот на живеење, обичаите, јазикот, архитектурата, носиите и другите одлики на тоа време, тој продолжил со обработка на познатите ликови Итар Пејо и Насредин Оџа. Како пензиониран старешина, тој соработувал со војничкото списание „Армиски Збор“ и „Австралиско – македонски неделник“.

  1. „Доделени наградите за најдобри изданија меѓу два саема на книга и либрографика“. Иди Види. 14 04 2009 08:09:47. Посетено на 2012-05-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)