Насредин Оџа
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
![]() |
Извадок од приказна раскажана од човек од с. Бродец, Скопска Црна Гора. |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Насредин Оџа (османски турски: نصر الدين خواجه, турски: Nasreddin Hoca) — селџучки сатиричар и суфија од с. Хорту, Сиврихисарски округ, Ексишехирска област (денешна Турција). Се смета за популистички филозоф и умен човек, запаметен по своите смешни приказни и анегдоти. За него се пишува во стотици приказни, во кои држи духовита или умна улога а понекогаш и како будалест човек. Една типична приказна за него се состои од суптилен хумор и наравоучение. Меѓународниот „Насредин Оџа Фест“ се одржува секоја година од 5 до 10 јули во неговото родно село.
Насредин Оџа како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]
- „Итар Пејо и Насрадин-Оџа“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 32-35.