Пјер Андре Латреј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пјер Андре Латреј
Latreille Pierre André 1762-1833.png
Пјер Андре Латреј
Роден29 ноември 1762(1762-11-29)
Брив ла Гајард
Починал6 февруари 1833(1833-02-06) (возр. 70)
Париз
НационалностФранцузин
ПолињаЕнтомологија, арахнологија, каркинологија
УстановиПриродонаучен музеј на Франција
ОбразованиеПариски Универзитет
Авторска кратенка (зоо.)Latreille

Пјер Андре Латреј (29 ноември 1762 – 6 февруари 1833) бил француски зоолог, специјализиран за членконоги. Како римокатолички свештеник бил затворен, а бил пуштен на слобода откако нашол редок вид на бубачка во затворот, Necrobia ruficollis. Првото значајно дело го објавил во 1796 година,(Précis des caractères génériques des insectes), а потоа бил вработен во Природонаучниот музеј на Франција. Неговата работа на систематизирање на членконогите и на такономијата, му донесла почит, а поради тоа бил повикан да учествува во пишувањето на монументалната книга „Царството на животните“ (Le Règne Animal). Латреј би сметан за ентомолог, и бил опишан од еден од неговите ученици како „принц на ентомолозите“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родното место на Латреј, Брив ла Гајард

Пјер Андре Латреј бил роден на 29 номеври 1762 година, во местото Брив, како вонбрачно дете на генерал барон Деспањак, кој не го признал, и непозната мјака, која го оставила по раѓањето. Презимето Латреј му било официјално дадено во 1813 година. Учел во Бриве и Париз за свештеник,[1] но никогаш не го работел тоа. За време на школувањето, покажал интерес за природните науки, и ја посетувал градината со растенија на Жорж-Луј Леклерк де Буфон, а околу Париз ловел инсекти. Часови по ботаника учел од Рене Жист Аиј, кој пак го запознал со Жан Батист Ламарк.[1]

Necrobia ruficollis[уреди | уреди извор]

Откритието на Necrobia ruficollis додека бил во затвор, му го спасило животот.

По падот на Стариот ред во Франција и почетокот на Француската револуција, бил донесен Граѓански устав на свештенството во 1790 година, според кој свештениците требало да положат заклетва на верност кон државата. Латреј не го сторил тоа, и бил затворен во ноември 1793 година, со закана дека ќе биде погубен. Кога затворскиот лекар ги прегледувал затворениците, го видел Латреј кој проучувал бубачка на подот од затворот.[2] Латреј објаснил дека тоа е редок инсект. Лекарот бил восхитен и ја испратил бубачката на 15-годишното момче кое се занимавало со биологија, Жан Батист Бори де Сен Венсан. Бори де Сен Венсан ја знаел работата на Латреј, и успеал да делува Латреј да биде ослободен, заедно со уште еден затвореник.[2] Останатите затвореници биле погубени во текот на еден месец.[2] Латреј и Бори де Сен Венсан останале добри пријатели до крајот на животот.[3] Бубачката ја опишал Јохан Христијан Фабрициј во 1775 година.[4]

Портрет на Пјер андре Латреј, 1875

Латреј го продолжил животот како наставник, и се допишувал со многу ентомолози, вклучително и со Фабрициј. Во 1796 година, под влијание на Фабрициј, Латреј со свои средства ја објавил книгата „Прецизни генерички карактеристики на инсектите“. Во 1797 година бил повторно затворен, овој пат во домашен притвор, но набрзо му помогнале колегите од катедрата за зоологија за да биде ослободен.[1] Во 1798 година, Латреј се вработил во Природонаучниот музеј, каде заедно со Ламарк работел на збирките членконоги, и објавил бројни дела од областа зоологија.[1]

Работа во Музејот[уреди | уреди извор]

По смртта на ентомологот Гијом Антуан Оливиер во 1814 година, Латреј влегол на негово место во Француската Академија на науки.[1] Во годините што следувале, Латреј бил многу активен во пишување на статии за членконогите како и на други ентомолошки теми.[1] Откако Ламарк ослепел, Латреј презел голем дел од неговите обврски. Во 1821 година, Латреј бил прогласен за витез на Легијата на честа.[1] Во 1829 година, станал професор по ентомологија.[5]

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

Споменик на гробот на Латреј

Од 1824 година, здравјето на Латреј се влошило. Предавањето му го оставил на Жан Виктор Одуен и зел неколкумина асистенти, меѓу кои Амадеј Луј Мишел Лепелете, Жан Гијом Одине-Сервил и Феликс Едуард Герен-Меневил.[1] Бил меѓу основачите на Друштвото на ентомолози на Франција, и бил негов почесен претседател.[1] Латреј починал на 6 февруари 1833 година.

Комеморација[уреди | уреди извор]

Друштвото на ентомолози започнало да собира донации за да се направи споменик на гробот на Латреј. Меѓу 1798 и 1850 година, 163 видови биле наречени по Латреј во негова чест, меѓу кои:[6]

Тродимензионален модел на Lumbrineris latreilli, наречен по Латреј.

Дела[уреди | уреди извор]

Латреј напишал бројни дела во неколку научни поилиња. Фабрициј го опишал како „најистакнатиот ентомолог од нашето време“, а Жан Виктор Одуен „принц на ентомологијата“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Claude Dupuis (1974). „Pierre André Latreille (1762–1833): the foremost entomologist of his time“ (PDF). Annual Review of Entomology. 19: 1–14. doi:10.1146/annurev.en.19.010174.000245.
  2. 2,0 2,1 2,2 David M. Damkaer (2002). „A celebration of Crustacea“. The Copepodologist's Cabinet: A Biographical and Bibliographical History, Volume 1. Memoirs of the American Philosophical Society, Volume 240. American Philosophical Society. стр. 114–130. ISBN 978-0-87169-240-5.
  3. Bory de Saint-Vincent, Correspondence, published and annotated by Philippe Lauzun, Maison d’édition et imprimerie moderne, 1908. (Read online)
  4. Lúcia M. Almeida & Kleber M. Mise (2009). „Diagnosis and key of the main families and species of South American Coleoptera of forensic importance“. Revista Brasileira de Entomologia. 53 (2): 227–244. doi:10.1590/S0085-56262009000200006.
  5.  Pierre-André Latreille“. Католичка енциклопедија. (1913). Њујорк: Роберт Еплтон.
  6. Hans G. Hansson. „Pierre André Latreille“. Biographical Etymology of Marine Organism Names. Göteborgs Universitet. Архивирано од изворникот 27 октомври 2010. Посетено на 25 јануари 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]