Птици врз кои ноќта и денот се делат: Стоте песни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Птици врз кои ноќта и денот се делат: стоте песни е книга со избор од поезијата на Блаже Конески, издадена од „Темплум“ во 2014 година, како прва книга од библиотеката „Модерна Македонија“. Изборот на песните го приредил Никола Гелевски.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Книгата, со обем од 160 страници, е отпечатена во формат од 17 сантиметри. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, а ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-32-0.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во збирката се поместени 100 песни на Блаже Конески, распоредени во Пролог и пет циклуси. На крајот на книгата е даден поговор, налсовен како „Од уредникот и приредувачот“, како и список на поетските наслови на Конески.[1] Во Прологот со наслов „Роден во смачкано племе“ се содржани три песни на Конески, напишани во периодот 1939-1948: Песна за животот, Спомен и Тешкото.
Во циклусот „Проста и строга македонска песна“ се застапени 24 песни: Есенско утро, 'Рж, Мак, Пролет, Сон, Пролетна вечер, Лик, Ангелот на Света Софија, Скопје, Песните, Везилка, Тишина, Тајна, Врв, Реки, Урнатина, Ластовици, Дете заспано крај езеро, Болен Дојчин, Вљубени девојки, Убавите девојки, Старата, Виј и Портрет.

Циклусот „Младост што мирба со гнасата нејќе“ содржи 19 песни: Ars poetica, Младост, Пред годишнината на татковата смрт, Елен самак, Превалец, Дон Кихот, Одисеј, Вепар, Неизвесност, Песна над песните, Житие на Бона, Орде, Дедо Коне, Срцето на Борка Талески, Младиот кедар, Стерна, Марковиот манастир, Песјо Брдце (Епилог) и Дојрански ветришта.

Циклусот „Станува пепел темелот што нè крепел“ содржи 20 песни: Малечки предмети, Пресадување, Ракопис, Минаре, Шепот, Децата, Звуци, Црква, Молитва, Спомен по многу години, Подмладување, Грешни жени, Разговор, Порака, Жештина, Улавштини, Старци, Заштита, По работ и Преживување.

Во циклусот „Ќе дојде време на лажни пророци“ се застапени 16 песни: Вино, Сирма, Зборот, Вера, Дожд, Татковина, Себесоздавање, Обврска, Совест, Лажни пророци, Пожар, Занает, Премала, Видување, Вангел и Свежина.

Циклусот „Тајновите име негде во нашиот предел“ содржи 18 песни: Отпор, Хотели, Молитва, Ноќ, Забрана, Јасност, Предела, Гнев, Дејател, Небеска река, Скакулец, Џиџе, Чаша чај, Шар планина, Сокол, На пријателите, Чувари и Претходница.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Конески, Птици врз кои ноќта и денот се делат: стоте песни, Скопје: Темплум, 2014.