Псалм 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Псалм 1 е првиот псалм во Библијата. Како многу псалми, ја дава разликата меѓу побожните и безбожниците. Праведен човек е оној кој се грижи да ги знае законите на Бога и така има добро расудување и избегнува лошо друштво. Од друга страна, однесувањето на безбожниците ги прави ранливи на катастрофа, како правот што го растура ветрот по земјата.

Целосен текст[уреди | уреди извор]

Псалм 1
1 Блажен е оној човек, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,
2 па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
3 тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во сè што прави, напредува.
4 Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата.
5 Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците – во соборот на праведниците.
6 Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]