Просеченска базилика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Пантелејмон
Βασιλική της Προσοτσάνης
Карта
МестоПросечен, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабен храм
ЗавршенаV - VI век
Управа
Архијерејско намесништвоПросеченско
ЕпархијаДрамска

Просеченска базилика (грчки: Βασιλική της Προσοτσάνης) — ранохристијанска црква кај селото Просечен, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Базиликата е сместена крај патот Просечен – Горенци, на 2 км источно од средновековната црква „Св. Пантелејмон“.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата датира од V - VI век. Внатрешните димензии изнесувале 15,40 × 22,70 м. На исток има полукружна апсида со траги од мозаичен под. На запад има припрата и влезот кон наосот е широк 1,70 м. Во околината се откриени столбови и натписи со релјефни и вајарски украси. Во југозападниот агол на градбата е окриен голем ќуп во кој се чувало масло или вино.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Το εξωκλήσι του Αγίου Παντελεήμονα“. Μουσικοχορευτικός Σύλλογος Ο Μέγας Αλέξανδρος. Посетено на 24 септември 2019.