Природен резерват Тејчи
Природен резерват Тејчи Teiču dabas rezervāts | |
---|---|
Место | Латвија |
Координати | 56°36′09″N 26°29′55″E / 56.60250° СГШ; 26.49861° ИГД |
Површина | 19.779 ha |
Воспоставен(а) | 1982 |
Природен резерват Тејчи (латвиски: Teiču dabas rezervāts) — природен резерват што се наоѓа на исток на Латвија, распослан во општините Мадона, Варакљани и Крустпилс.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Природниот резерват бил основан во 1982 година.[2] Неговата намена е да го заштити истоименото тресетиште, едно од најголемите во Латвија и балтичките држави. Природниот резерват опфаќа површина од 19.779 ha,[2] од кои 13.681 ha го сочинуваат тресетиштето Тејчи.[3] Во ова влажно подрачје, се создале вистински мали езера, вкупно 18, но на одредени места издигнатите делови поцврста почва формирале острови од тресет.
Околу 3.729 ha од природниот резерват е под шума.[1] Природниот резерват формира еден од најголемите екосистеми од овој вид во балтичкото подрачје, и самото тресетиште е едно од најголемите во балтичките држави, според информацијата од општината мадона, најголемо.[1][3]
Географија
[уреди | уреди извор]Областа ужива невообичаено висок степен на заштита како „строг природен резерват“, како што е дефинирано од страна на латвиските власти. Таа е една од само четири природни резервати во Латвија (од вкупно 683 специјално заштитени природни области). ).[4][5] Ова е ознака резервирана за области со мала или никаква човечка активност и ретки или типични екосистеми.[4] Од 2004 година, резерватот е дел од мрежата Натура 2000 на ЕУ.
Како строг природен резерват, пристапот до областа е регулиран. Областа е поделена на два дела, дел со регулиран пристап и дел со ограничен пристап. Пристапот до областа со ограничен пристап е нормално забранет; можни се само посети за научни цели при што е потребна дозвола од надлежниот орган. Пристапот до регулираниот пристапен простор е возможен во ограничено време од годината (1 јуни до 31 октомври), при што посетителите треба да бидат придружени со водич со соодветни квалификации.[1] Исто така постои и кула за набљудување каде што може да се оди без водич, истата е сместена во делот на природниот резерват кој се наоѓа во општината Крустпилс.[3]
Флора и фауна
[уреди | уреди извор]Резерватот е дом на голем број на ретки или загрозени видови, вклучувајќи 38 заштитени видови на цветни растенија и папрати и 24 заштитени видови мов.[3] Ова е важно живеалиште и за животните, вклучувајќи ги и безрбетниците. Резерватот е меѓународно важно место за птиците, како миграциските, така и оние кои се постојани. Образецот на повеќето птици познати како да живеат во латвиски мочуришта може да се најдат тука, некои во голем број - на пример, жерави и гуски.[1]
На еден од островите од природниот резерват, Сиксала, живее мала група староверници.[1] Етнички Руси, стигнале на островот Сиксала во 17 век, бегајќи од верско прогонство и сè уште опстануваат во нивното село.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Teici Nature Reserve“. Visit Latvia. Архивирано од изворникот на 3 November 2012. Посетено на 21 May 2015.
- ↑ 2,0 2,1 „Teiču dabas rezervāts“ (латвиски). Latvian Nature Conservation Agency.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „"Teiču Nature Reserve"– the largest moss marsh in the Baltics“. Madona Municipality. Посетено на 21 May 2015.
- ↑ 4,0 4,1 „Protected areas“. Latvian Nature Conservation Agency. Посетено на 21 May 2015.
- ↑ „Specially Protected Nature Territories“. Ministry of Environmental Protection and Regional Development of the Republic of Latvia. Посетено на 21 May 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Official site of the nature reserve administration (In Latvian)
- Природен резерват Тејчи на Ризницата ?