Предлошка:Избран портал за ноември 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Глобус

Географијата — чие што име доаѓа од старогрчките зборови γεω -земја и γραφία -опишува, е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата. Во буквален превод, зборот географија значи земјопис.

Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како античките Грци, Арабјаните, античките Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.

Дознајте повеќе за географијата на порталот посветен на неа.