Прејди на содржината

Портал:Историја/Одбрана статија/септември, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Балканските војни во 1912 и во 1913 година претставуваат исход на национално-ослободителната борба што македонскиот народ ја води во втората половина на 19 и во почетокот на 20 век. Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на таа борба.

Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. Егзархиската црква, а потоа Врховниот македонски комитет (ВМК), односно врховистите во текот на Илинденското востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал од Софија. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја всадувала бугарштината кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста на Македонците главно била присутна бугарската доминација.

Со залагање и со помош на Русија, е создаден Балканскиот сојуз, во чиишто рамки балканските земји дефинитивно го ослободуваат Балканот од многувековното турско владеење и практично ја протеруваат Османлиското Царство од европскиот континент, со исклучок на мал дел од Источна Тракија и Истанбул на Босфорот. Во 1912 година Албанија, со меѓународно неутврдени граници и од никого непризната, прогласува своја независност.

Прочитајте повеќе...