Портал:Античка Македонија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонија во античко време била кралство кое во почетокот се простирало на територијата на денешна Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток. Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро целиот тогаш познат свет и со тоа го започнал македонскиот период во светската историја.

Македонците живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I. Во времето на кралот Александар I Македонската територија почнала да се шири во Еордеја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу денешниот град Воден, Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја изградил првата престолнина Ајга (денешен Кутлеш).

По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495450 п.н.е. п.н.е.). Пред IV век п.н.е. кралството покривало територија по големина еднаква на денешната област Македонија во Грција. Прочитајте повеќе