Прејди на содржината

Полуостровски кактус

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полуостровски кактус
Научна класификација
Царство: растенија
Нерангирано: скриеносеменици
Нерангирано: евдикоти
Нерангирано: јадрени евдикоти
Ред: каранфиловидни
Семејство: кактуси
Потсемејство: кактусовидни
Племе: кактусовидни
Род: ферокактуси
Вид: F. peninsulae
Научен назив
Ferocactus peninsulae
(Вебер) Бритон & Роус, 1922
Синоними
  • Ferocactus horridus Britton & Rose

Полуостровски кактус (Ferocactus peninsulae) е бурест кактус, дел од видот ферокактуси. Кактусот е ендемски во Мексико, поточно во сојузната држава Јужна Долна Калифорнија.

Опис[уреди | уреди извор]

Полуостровскиот кактус достигнува висина и до 70 см. Кактусот е овален и има од 12 до 20 длабоки и изразени ребренца. Боцките се сивкасто-црвени и имаат бели или жолти врвови. Цветовите се налик на инка и тие се црвенкасти или жолти. Цветовите достигнуваат должина до 6 см. Плодовите се сферични, жолти и долги 4,5 см.[1]

Распространетост[уреди | уреди извор]

Полуостровскиот кактус е еднемичен на полуостровот Калифорнија, поточно во мексиканската сојузна држава Јужна Долна Калифорнија. Името на кактусот потекнува од матичниот регион каде е ендемски.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. N. L. Britton; J. N. Rose (1922), The Cactaceae. Descriptions and Illustrations of Plants of the Cactus Family (германски), Band III, Washington: The Carnegie Institution of Washington, стр. 133

Надворешни врски[уреди | уреди извор]