Пневматика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пневмстска таблица, „Циклопедија“ (1728)

Пневматика (од старогрчки: πνευματικός пнеуматикос = ветерен) — употребата на гас под притисок за работа во науката и технологијата.

Прва документација за науката наоѓаме кај Херон Александриски во 60 н.е., иако за ова поле се знаело и пред тоа.

Употреба[уреди | уреди извор]

Пневматиката се применува за решавање на најзазлични проблематики. Во заботехничките апарати, пневматските бушалки се полесни, побрзи и поедноставни од електричните бушалки со исто ниво на моќ (бидејќи изворот насила - компресорот е засебен од бушалката и ја врти бургијата со огромен број на вртежи во минута). Пневматскиот пренос се користи во многу индустриски гранки за прашоци и зрна. Пневматските цевки можат да носат предмети на големи далечини. Пневматичките направи се користат и каде електромоторот не може да се користи од безбедносни причини, како длабоко по рудниците каде има експлозивен прав или гасови.

Примери за пневматски направи:

Споредба со хидрауликата[уреди | уреди извор]

И пневматиката и хидраулкиката се примени на моќта на гасот/течноста. Пневматиката користи воздух, кој е компресивен, додека хидрауликата користи релативно некомпресивни течни медиуми како масло или вода. Индустриските пневматски апарати користат притисок од 500 до 700 килопаскали. Хидрауличните апарати користат пририсок од 7 to 35 MPa, но специјализирани апарати користат и над 70 MPa.

Предности на пневматиката[уреди | уреди извор]

  • Работниот медиум е многу лесен и така цевките не се тешки.
  • Бидејќи работниот медиум е (главно) само воздух, обично нема потреба за повратна линија за тој медиум, а протекувањата се чисти.

Предностите на хидрауликата[уреди | уреди извор]

  • Хидрауличките течности неможат да се компримираат, што значи минимум пружински ефект. Кога текот на хидрауличната течност се сопира, и најмалото придвижување на товарот го испушта притисокот на него; кај компримираниот воздух нема потреба од исцедување за пуштање на притисок врз товарот.

Поврзано[уреди | уреди извор]