Пирин
Изглед
(Пренасочено од Пирин Планина)
За други значења на поимот, погл. Пирин (појаснување).
| Пирин | |
|---|---|
Пирин зиме | |
| Највисока точка | |
| Врв | Вихрен |
| Надм. височина | 2.914 м |
| Координати | 41°45′49″N 23°23′58″E / 41.76361°N 23.39944°E |
| Величина | |
| Должина | 80 км север-југ |
| Ширина | 40 км север-југ |
| Површина | 2585 км² |
| Географија | |
| Земји | Бугарија |
| Вид карпа | гранит, гнајс, мермер, варовник |
Пирин — планина во Пиринска Македонија, денес во Југозападна Бугарија. Претставува дел од Рилско-родопскиот Масив. Нејзин највисок врв е Вихрен (2.914 м). Планината е претставена на Грбот на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Пирин се наоѓа меѓу реките Струма на запад и Места на исток. На север преку Предел се поврзува со планината Рила, а на југ продолжува во Славјанка (Алиботуш).
Релјеф и земјишни облици
[уреди | уреди извор]

Позначајни врвови
[уреди | уреди извор]На Пирин има два врва со над 2.900 м (Вихрен и Кутело), седум над 2.800 м, седумнаесет над 2.700 м, 32 над 2.600 м и 40 над 2.500 м. Трите највисоки врва се мермерни, а највисоките гранитни врвови (Полежан и Каменица) се наоѓаат на странични краци.
- Вихрен - 2.914 м (Мраморен дел)
- Кутело - 2.908 м (Мраморен дел)
- Бански Суходол - 2.884 м (Мраморен дел)
- Голем Полежан - 2.851 м (Полежански дел)
- Каменица - 2.822 м (Каменички дел)
- Малак Полежан - 2.822 м (Полежански дел)
- Голема Стража - 2.822 м (Полежански дел)
- Бајуви дупки - 2.820 м (Мраморен дел)
- Малка Стража - 2.810 м (Полежански дел)
- Јаловарник - 2.763 м (Каменички дел)
- Газеј - 2.761 м (Полежански дел)
- Кајмакчал - 2.753 м (Полежански дел)
- Голема Тодорка - 2.746 м (Тодорин дел)
- Бандеришки Чукар - 2.732 м (Северен централен дел)
- Џенгал - 2.730 м (Јужен централен дел)
- Момин Двор - 2.723 м (Јужен централен дел)
- Башлиски Чукар - 2.720 м (Северен централен дел)
- Мала Тодорка - 2.712 м (Тодорин дел)
- Ченгелчал - 2.709 м (Дебел рид)
- Дисилица - 2.700 м (Полежански дел)
- Каменишка кукла - 2.690 м (Каменички дел)
- Куклите - 2.686 м (Каменички дел)
- Муратов Врв - 2.669 м (Северен централен дел)
- Џано - 2.668 м (Јужен централен дел)
- Безбог - 2.645 м (Полежански дел)
- Сиврија - 2.593 м
- Синаница - 2.516 м (Синанишки дел)

Пирин како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Галериjа
[уреди | уреди извор]- Врвот Каменица со Тевно Езеро
- Муратов Врв
- Врвот Синаница
- Градот Мелник
- Новиот ски-центар Банско
- Стара црква во Банско
- Нов лифт во Банско
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Пирин“ на Ризницата ? |
- Национален парк „Пирин" Архивирано на 13 ноември 2017 г.
- Информациски портал за Пирин
- Интересна страница за Пирин Планина Архивирано на 25 октомври 2008 г.
- Галерија со слики од Пирин[мртва врска]
- Бански суходол, Кутело, Вихрен през зимата