Вихрен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вихрен
Vihren, Pirin National Park 01.JPG
Поглед на Вихрен од север
Највисока точка
Надм. вис. 2914 м [1]
Истакнатост 1783 м [1]
Географија
Вихрен се наоѓа во Бугарија<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -325%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Вихрен
Местоположба во Бугарија
Место Пиринска Македонија
(денес Благоевградска област, Бугарија
Матичен венец Пирин

Вихрен — највисокиот врв на Пирин во Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Со своите 2.914 м е втор по височина во денешна Бугарија по Мусала на Рила и трет на Балканскиот Полуостров по Олимп во Егејска Македонија и Грција.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Врвот се наоѓа во северниот дел на масивот Пирин, на главното било меѓу врвот Кутело (на северозапад) и Овинати Врв (на југоисток). Со овие два врва го поврзуваат седлата Премката (2610 м) на север и Кабата (2535 м) на југ.

Име[уреди | уреди извор]

Сè до 1942 г. врвот се нарекувал Елтепе („врв на бурите“). Денес тоа име го носи мало засолниште во подножјето на врвот, поставено за проучување на малиот ледник кој се наоѓа таму.

Географија[уреди | уреди извор]

Гледан од Банско, Вихрен личи на пресечена пирамида, а од југ потсетува на на четиристрана пирамида. Карактеристично за врвот е тоа што изгледа многу поразлично, зависно од која страна се гледа. Карпите кои го образуваат Вихрен се мермерни и не задржуваат вода, па затоа целото околно подрачје нема реки и езера. Најблиски езера се Влахините на југозапад. Растителноста по падините на Вихрен е оскудна — преовладуваат тревите и лишаите. Животинскиот свет е побогат — застапени се птиците и ситните глодари, но највеќе дивокозите, кои живеат во месноста Казаните во подножјето на врвот. По околниот раб на карпите Џамџиеви Скали изобилува цвеќето рунолист.

Клима[уреди | уреди извор]

Вихрен има просечни годишни врнежи од 1.150 мм, а снежната покривка достигнува 3 м. Температурата се движи од 25° и -21°С во зима до 15° и 23°С во лето.


Поглед на Вихрен

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Europe Ultra-Prominences" Listed here as "Vikhren". Peaklist.org. конс. 20 февруари 2012 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]