Пецо Видимче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пецо Видимче
Роден 8 октомври 1921
Битола, Кралство на Србите, Хрватите и Словенците
Починал 12 октомври 2010
Скопје, Македонија Македонија
Занимање сликар

Пецо Видимче (Битола, 8 октомври 1921 - Скопје, 12 октомври 2010) — македонски сликар [1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден бил на 8 октомври 1921 година во Битола, тогаш во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. [2] Во 1952 година дипломирал ликовна уметност во Белград во класата на Неделко Гвозденовиќ. Како стипендист на Фондот „Моша Пијаде“[2] бил на студиски престој во Италија (1954) и Франција (1960). [1] Во 1953 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и учествувал во сите негови изложби. Во 1955 година заедно со уметниците Јован Димовски, Методија Ивановски-Менде, Перо Спировски и Борислав Траиковски ја формирале групата ВДИСТ.[2] Критиката високо ги оценува нивните дела. [1] [2]

Видимче имал самостојни изложби во Битола, Скопје и Куманово и учествува на групните во Југославија, Велика Британија и Италија. Предавал ликовна уметност во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје. [2]

Умира на 12 ноември 2010 година во Скопје. [2]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Андоновска, Ленче; Ѓоргиевски, Науме, Николов, Благој, Огненовски, Трајко, Пешевска, Гордана, Стефановска, Анета, Талеска, Светлана (2007). Значајни личности за Битола.. Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. стр. 42. ISBN 978-9989-2783-0-3. http://www.nuub.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=375:2009-11-25-09-35-37&catid=68:2009-10-25-07-54-14&Itemid=94. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Пецо Видимче“ (македонски). Daily Macedonia. конс. 2019-01-26.  Unknown parameter |дата= ignored (помош)