Петар Ангелов (ВМРО)
Петар Ангелов | ||
Роден | 1895 Граждано, Османлиско Царство, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 28 јуни 1932 Хасково, Бугарија |
Петар Ангелов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ангелов е роден во 1895 година во преспанското село Граждано, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Во 1912 година емигрира во Америка, но се враќа при избувнувањето на Првата балканска војна и се запишува како доброволец во бугарската армија. По завршувањето на Првата светска војна учествува во создавањето на ВМРО и четник е при Илија Дигалов, а по неговата смрт во 1922 година станува преспански војвода со 16 четници [1]. Во 1924 година е во четата на Георги Поп Христов [2]. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирска чета на Христо Андонов [3]. По убиството на Александар Протогеров во 1928 година е на страната на протогеровистите. Петар Ангелов е убиен во 1932 година во Хасково од приврзаници на Иван Михајлов [4][5].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр. 168
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ Спомени на Георги Попхристов
- ↑ Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 818.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 8.