Партнерство за мир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Членки на Партнерството за мир.
  Членки на ПзМ
  Членки на ПзМ кои се придружија на НАТО во 1999
   Членки на ПзМ кои се придружија на НАТО во 2004

Партнерство за мир (ПзМ) е програма на НАТО насочена кон соработка и создавање на доверба помеѓу членките на НАТО и останатите земји од Европа и од поранешниот СССР. Во моментот во ПзМ членуваат 21 држава. Република Македонија стана членка на ПзМ на 15 ноември 1995 година.

Активности[уреди | уреди извор]

ПзМ е процес кој ги здружува НАТО - сојузниците и земјите партнери во широка програма на заедничка одбрана и одбранбени активности, почнувајќи од воена соработка до одбранбена соработка на разни полиња, како што се превенцијата на конфликти, програмите за цивилна помош, раководењето со воздушниот сообраќај или соработка во вооружувањето. ПзМ е отворена и транспарентна програма и нејзините активности се отворени за сите партнери и сојузници.

НАТО го воспостави Партнерството за мир во јануари 1994 со цел да ја зголеми стабилноста и безбедноста низ Европа. Основните цели на ПзМ, објавени во 1994, важат и денес. Тие го подразбираат следново:

  • подобрување на транспарентноста на националната одбранбена програма и воениот буџет;
  • обезбедување демократска контрола врз националните вооружени сили; и
  • долгорочно развивање на националните сили на партнерите кои можат полесно да станат интероперативни со силите на НАТО-членките.

ПзМ денес е постојана карактеристика на европската одбранбена архитектура. Двегодишната програма во која учествуваат сојузниците и партнерите сега содржи повеќе од 2.000 активности, почнувајќи од големи воени вежби до мали работни групи на определени задачи. Фактички, ПзМ навлегува во сите области на активностите на НАТО. Земјите самите избираат кои активности од програмата ПзМ одговараат на нивните специфични потреби, а не се спротивни на нивната државна политика и се во согласност со сопствените финансиски средства, во процесот на „автодиференцијација“, кој е еден од клучните принципи на Програмата.

Евроатлантскиот партнерски совет (ЕАПС) дејствува како политичка закрила на ПзМ и им нуди на сојузниците и на партнерите форум за размена на погледи во врска со заедничките безбедносни прашања. Улогата на партнерите доби мошне големо значење со секојдневната работа на ПзМ, посебно со создавањето партнерски елементи во неколку штабови на НАТО, каде што офицерите на НАТО и на партнерите се поставени на меѓународни функции врз трајна основа.

Во 1997, НАТО - сојузниците решија да го зајакнат ПзМ преку доделување на пооперативна улога, нудење на поголема инволвираност на Партнерите во донесувањето на одлуки и во планирањето и зајакнувањето на нивната улога во политичките консултации. Оваа одлука се должеше делумно на искуството од мултинационалната соработка што се создаде преку IFOR (Сили за имплементација) и подоцна SFOR (Сили за стабилизација) за време на мировните мисии во Босна и Херцеговина.

На Вашингтонскиот самит, "Зајакнатото и пооперативно партнерство за мир" беше потврдено од претседателите на држави и од премиерите. До овој чекор се дојде благодарение на дотогашното искуство и нуди насока за оперативното Партнерство во 21 век.

Зајакнатото и пооперативно партнерство за мир се заснива врз следниве три елементи:

  • Политичко-воена рамка за ПзМ операции предводени од НАТО;
  • Проширениот и адаптиран Процес за преглед и планирање (ПАРП); и
  • Зајакнување на практичната воена и одбрамбена соработка со која се покрива целосниот спектар на соработката во ПзМ.

Во центарот на овој трет елемент се наоѓа иницијативата за „Концептот за оперативните способности на ПзМ операциите предводени од НАТО“, која става посебен акцент на зголемувањето на воената ефикасност на мултинационалните сили. Нејзина цел е уште повеќе да се зајакне воената соработка и да се помогне развојот на силите на партнерите заради нивна поголема интероперативност со оние на НАТО - членките при идните операции за превенција на конфликти.

ПзМ продолжува да ја поддржува преобразбата на Алијансата. Повеќе елементи од ПзМ се однесуваат на новата улога и на мисиите на Алијансата и се во согласност со изменетиот Стратешки концепт. ПзМ продолжува да еволуира и Алијансата гледа на тоа како на динамичен процес кој, постепено, сосема ќе ги приближи НАТО и партнерите.[1]

Членство[уреди | уреди извор]

Поранешни републики на Советскиот Сојуз[уреди | уреди извор]

Поранешни републики на Југославија[уреди | уреди извор]

Земји-членки на Европската Унија[уреди | уреди извор]

Членка на Европската асоцијација за слободна трговија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Министерство за одбрана на РМ: Македонија во програмата Партнерство за мир – Зајакнато и пооперативно партнерство
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 2,19 2,20 2,21 2,22 North Atlantic Treaty Organization (5 октомври 2006). „Signatures of Partnership for Peace Framework Document“. http://www.nato.int/pfp/sig-cntr.htm. посет. 30 ноември 2006 г. 
  3. North Atlantic Treaty Organisation (26 април 1995). „Secretary General's Council Welcoming Remarks, Visit by Maltese Deputy Prime Minister and Minister of Foreign Affairs, Professor Guido de Marco, Wednesday, April 26, 1995“. http://www.nato.int/docu/speech/1995/s950426a.htm. посет. 30 ноември 2006 г. 
  4. Bohlen, Celestine. „New Malta Chief Focuses on Neutrality“, New York Times, 12 ноември 1996 (посет. 5 април 2008 г). „Within hours of taking office, Mr. Sant withdrew Malta's membership in Partnership for Peace, a NATO military cooperation program that is so loosely defined that its sign-up list now spans the spectrum from Russia to Switzerland. [...] Mr. Sant says none of those moves should be interpreted as anti-European or anti-American, but simply as the best way of insuring Malta's security.“
  5. Gambin, Karl (3 април 2008). „Malta reactivates Partnership for Peace membership“. DI-VE. http://www.di-ve.com/Default.aspx?ID=72&Action=1&NewsId=50311&newscategory=35. посет. 3 април 2008 г. „The cabinet has agreed to reactivate its membership in the Partnership for Peace which was withdrawn in 1996, the government said on Thursday.“ 
  6. North Atlantic Treaty Organization (3 април 2008). „Malta re-engages in the Partnership for Peace Programme“. http://www.nato.int/docu/update/2008/04-april/e0403e.html. посет. 3 април 2008 г. „At the Bucharest Summit, NATO Heads of State and Government welcomed Malta’s return to the Partnership for Peace Programme. At Malta's request, the Allies have re-activated Malta's participation in the Partnership for Peace Programme (PfP).“ 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]