Панделе (планински врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Панделе
Панделе (Мариово) 02.jpg
Врвот Панделе и целиот гребен Скрка, во позадината се здогледува Ниџе со Кајмакчалан
Висина 1.344 метри.
Местоположба Македонија Македонија
ВенецКозјак
Прво освојувањенепознато

Панделе — врв на ридот односно гребенот Скрка кој претставува најзападна огранка на планината Козјак во Мариово. Неговата надморска височина изнесува 1344 метри, а според својот изглед и средишна поставеност тој доминира над целата област Мариово при што воедно се здогледува од многу далеку и е особено забележителен по голите падини кои се спротивност од густите шумски предели наоколу. Поточно, ридот (гребенот) Скрка на кој се наоѓа врвот Панделе се наоѓа помеѓу мариовските села Полчиште и Бешиште издигнувајќи се високо над висорамнината на север, додека од југ е ограден со долината и течението на реката Сатока. На самиот врв се наоѓаат двете црквички посветени на Св. Вмч. Пантелејмон кои се дел од Полчишкиот манастир, а во Мариово се нарекува со името Панделе, поради што и местото на кое се наоѓа манастирот, односно и самиот врв го добило името Панделе. До манастирот се стигнува по стрмен кривулест пат, каде доминира врвот, што овозможува глетка на цело Мариово како на дланка. Според усните преданија кај народот од овој крај, многупати се вели дека “Панделе е на високо и гледа сé”. На самиот врв се наоѓа и археолошки локалитет наречен Свети Пантеле (Полчиште) кој преставува наоѓалиште на кастел (тврдина) од раноантичко време[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069