Отворен формат за документи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Отворен формат за документи или ОДФ (ODF од OASIS Open Document Format) за канцелариски апликации, е формат на податотеки кој се користи за опишување на електронски документи како што се мемоари, извештаи, книги, табели, дијаграми, презентации и обработување на текст. Овие стандарди се развиени од техничкиот комитет на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации и се засноваат на XML форматот првично направен и имплементиран во OpenOffice.org канцеларискиот пакет. ОДФ е OASIS стандард и е објавен како меѓународен ISO и IEC стандард рефериран како ISO/IEC 26300:2006.

Стандардот за ОДФ ги исполнува бараните дефиниции за отворен стандард, што значи дека спецификацијата за овој формат е слободна и достапна за секого со можност за целосно имплементирање.

Особености[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Технички спецификации на ОДФ.

Најчесто употребуваните наставки за податотеки кои се користат за ОДФ се:

  • .odt за текстуални обработки
  • .ods за табели
  • .odp за презентации
  • .odg за графика
  • .odf за формули и математички равенки

ОДФ податотека може да биде секоја XML податотека која користи <office:document> како главен елемент или било која ZIP компресирана архива која содржи одреден број на податотеки и директориуми. ZIP заснованиот формат е особено користен, со оглед на тоа што може да содржи бинарна содржина и компресијата значително ја намалува големината. Исто така овој формат може да ги раздели содржината, стиловите, мета-податоците и поставувањата за апликацијата во четири различни XML податотеки. Ова е добар пример за архитектура по принципот на разделување на содржината (Separation of concerns).

Постојат сеопфатни и различни примери на ОДФ документи кои се достапни како пакет или одделно лиценцирани под Creative Commons Attribution 2.5 лиценцата.

Стандардизација[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Спецификации на ОДФ.

Отворениот стандард за документи е развиен од Техничкиот комитет (ТК) на Организацијата за унапредување на стандардите за структуирани информации кој спаѓа во конзорциумот на OASIS. ОДФ-ТК има членови од различни компании и индивидуалци со исти права како и останатите. Процесот на стандардизирање вклучува многу од членовите на развивачките тимови на различни канцелариски пакети и слични групации за документи. Првиот официјален ОДФ-ТК состанок каде се дискутираше стандардот се одржа во 2002 на 16 декември. OASIS го одобри ОДФ како нивен стандард на 1 мај 2005. OASIS ги достави спецификациите за ОДФ на Техничкиот комитет при ISO/IEC на 16 ноември 2005, според правилата на Јавно достапните спецификации.

По шест месечен период на сеопфатно прегледување, на 3 мај 2006, ОДФ едногласно беше усвоен со гласање во наведените институции со опсежно присуство, по што спецификациите за Отворениот формат за документи беше "одобрен како ISO и IEC меѓународен стандард".

По одговорите на сите коментари поврзани со гласањето, ОДФ остана да биде издаден и од страна на ISO, што и официјално е направено на 30 ноември 2006г.

Италијанската организација за стандардизација UNI, го прифати форматот на 25 јануари, 2007г.

Понатамошната работа врз стандардизирањето на ОДФ вклучува:

  • Отворениот формат за документи 1.0 (второ издание) го има статусот на спецификација од комитетот при OASIS. Вклучува изменувања од уредници кои се поврзани со коментарите и предлозите за JTC1 гласањето и како таков го рефлектира одобрениот ISO/IEC 26300:2006 стандард, како и конечниот текст од уредникот од ISO/IEC задолжен за овој проект;
  • Отворениот формат за документи 1.1 е одобрен од OASIS во 2006 на 19 октомври. Вклучува дополнителни можности кои се однесуваат на прашања поврзани со пристапноста
  • Спецификациите за Отворениот формат за документи за канцелариски апликации в1.1 беше одобрен како OASIS стандард на 1 февруари 2007 што дојде по повикот за гласање од 16 јануари 2007. Јавното соопштение е објавено на 13 февруари 2007.
  • Отворениот формат за документи в1.2 моментално се пишува од страна на ТК-ОДФ. Ќе вклучува дополнителни можности за пристапност, подобрување на мета-податоците, спецификации за табеларни формули засновани на работата од Отворениот формат за формули (ОДФ 1.0 не нуди детални спецификации за табеларни формули, што остава многу аспекти дефинирани според имплементацијата) како и исправки за списокот на печатни грешки пријавени од јавноста. Првично ОДФ 1.2 се очекува за октомври 2007. Сепак, знаејќи дека многу од активностите поврзани со новата верзија ќе бидат завршени порано (пр. подкомитетот за формули се очекува да ја заврши својата работа во декември 2006), групацијата се сложи да направи нов распоред на активности.

Поддршка за апликации[уреди | уреди извор]

Софтвер