Олимписки стадион (Сочи)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Олимписки стадион (Сочи)
Fisht Olympic Stadium 2017.jpg
Место Сочи, Русија
Координати 43°24′08.16″ СГШ 39°57′21.99″ ИГД / 43.4022667, 39.9561111
Отворен 2013[1]
Сопственик Влада на Руската Федерација (Olympstroy)
Цена на изградбата УСА $779 милиони
Архитект Populous,[2] Buro Happold
Игра
Гледачи 47,659-World Cup
40,000-Post World Cup

Олимписки стадион „Фишт“ (руски: Олимпийский стадион «Фишт») — стадион сместен во Олимпискиот парк во Сочи, Русија. Именуван е по планината Фишт. Се наоѓа во близина на Олимпиското село и има капацитет од 40.000 гледачи.[1] Визијата за Олимпискиот стадион била на покривот од градбата да му даде изглед на снежни врвови, обезбедувајќи дека тоа е во хармонија со позадината на Имеретинската Низина и Кавказот. Стадионот ќе биде главниот објект за време на церемониите за отворање и затворање на Зимските олимписките игри, како и за време на Зимските параолимписки игри.[3][4]

Стадионот е проектиран од глобалните лидери за спортска архитектура Populous и британската консултантска компанија Buro Happold.

Ѕидовите и покривот на стадионот претставуваат една целина изградена од проѕирни поликарбонати. Подвижниот дел од покривот се отвора кон север, со што на гледачите им се овозможува непречен поглед на планинските врвови на Кавказот на исток и брегот на Црното Море на запад. Кога е отворен покривот, стадионот потсетува на отворена школка.

Трошоците за изградба на стадионот достигнале 778,7 милиони американски долари, кој бил отворен во 2013 година.[1] По Игрите, стадионот ќе служи како тренинг-центар и дел од објектите наменети за руската фудбалска репрезентација.[1] Стадионот „Фишт“ е еден од 11-те предвидени стадиони за одржување на натпреварите за време на Светското првенство во фудбал 2018.[5]

Во октомври 2013, Централната банка на Русија издала банкнота од 100 рубљи,[6] сто дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи. Сината банкнота осликува сноубордер во лет на едната страна, а на другата страна Олимпискиот стадион „Фишт“[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал „Олимписки игри
Портал „Русија