Оливер Шамбевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Оливер Шамбевски (Скопје, 23 јануари 1973) — македонски политичар, амбасадор на Македонија во НР Кина, Монголија, Виетнам и Северна Кореја и професор по македонска книжевност.

Животопис[уреди | уреди извор]

Шамбевски е роден во Скопје на 23 јануари 1973 година. Тој е потомок на еден од воскреснувачите на идејата за ВМРО во македонската дијаспора по Втората светска војна - Благој Шамбевски.[1] На политичката сцена се јавува како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, чиј мандат трае од 2006 до 2008 година.[2] Од 2010 година ја извршува и должноста Амбасадор на Македонија во Кина, Монголија[3], Виетнам[4] и Северна Кореја. Поради своите активности во Кина, тој во 2010 година од страна на престижното кинеско списание „Дипломат“ во соработка со кинеското Министерство за надворешни работи на НР Кина бил прогласен за најпопуларен амбасадор во Кина за 2010 година.[5] За време на својот амбасадорски мандат, тој со својата жена Магдица и двата сина Борис и Константин живеел во Пекинг.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПРАВНУЦИТЕ НА ИСТОРИСКОТО ВМРО НОВИ МОМЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ“. Посетено на 2011-11-19.
  2. „Пратенички состав на ВМРО ДПМНЕ 2006-2008“. Собрание на Македонија. Посетено на 2011-11-19.
  3. „Оливер Шамбевски акредитиран за амбасадор во Монголија“. Курир. 20 октомври 2010 13:59. Посетено на 2011-11-19. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Шамбевски акредитиран за амбасадор во Виетнам“. Вечер. 16 декември 2010. Посетено на 2011-11-19.
  5. „Оливер Шамбевски прогласен за најпопуларен амбасадор во Кина“. Сител. 25 декември 2010 - 19:52. Посетено на 2011-11-19. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. „ИНТЕРВЈУ: ОЛИВЕР ШАМБЕВСКИ, МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР ВО НР КИНА“. Вечер. 19 ноември 2011. Посетено на 2011-11-19.