Прејди на содржината

Ноев ковчег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ноевиот ковчег на Едвард Хикс (1780—1849)
Место на планината Арарат за кој некои креационисти веруваат дека се остатоци од Ноевиот ковчег

Ноев ковчег — спрема Библијата, ковчег (арка) изградена по Божја заповед за Ное да се спаси себеси и своето семејство како и животните од Потопот. Оваа приказна е содржана во хебрејската и христијанската старозаветна книга за Постанокот, поглавја 6-9.

Спрема документарна хипотеза приказната за ковчегот во „Книгата на постанокот“ би можела да претставува неколку оригинални квазинезависни извори, односно би можела да се создаде низ процес на збивање низ многу векови. Тоа би можело да ја објасни збрката во повторувањата во текстот. Многу ортодоксни Евреи, христијани и муслимани ја отфрлаат оваа хипотеза, сметајќи дека приказната за ковчегот е вистината, дека има еден автор, и дека сите наводни недостатоци можат рационално да се објаснат.

Приказната за ковчегот од „Книгата на постанокот“ има паралели со сумерскиот мит за Зиусудра, кој зборува како Бог го предупредил Зиусудра да изгради пловило со кое ќе ја избегне поплавата која Тој ја испратил. Помалку слични паралели можат да се најдат во многу други култури ширум светот. Всушност приказната за потопот е една од најчестите теми на митологиите ширум светот, што и скептиците и верниците го користат како доказ во прилог на својот став.

Приказната за ковчегот била предмет на опсежни објаснувања во различни аврамски традиции, при што теориските и практичните решенија (на пр. како Ное се ослободувал од животинскиот отпад) се мешале со алегориските толкување (на пр. ковчегот како претходник на црквата, му нуди спас на човештвото).

Од почетокот на XVIII век, развојот на геологијата и биогеографијата како науки овозможил на природонаучниците да го оспоруваат буквалното толкување на приказната за ковчегот. И покрај тоа, библиските литералисти продолжуваат да ја истражуваат областа околу Арарат во североисточна Турција каде според Библијата била Ноевиот ковчег.

Буквално толкување[уреди | уреди извор]

Христијаните и муслиманите кои буквално веруваат во постоењето на ковчегот и потопот, ги бараат физичките остатоци од ковчегот, со што би се потврдиле нивните мислења за разни теми, како што се геологијата и еволуцијата. Пребарувањата по Ноевиот ковчег и денес се одвиваат на и околу планината Арарат во Турција.

Датирање[уреди | уреди извор]

Ашеровата хронологија, пресметка која го датира постанокот и другите библиски случки која во 1650 година ја објавил ирскиот надбискуп Џејмс Ашер, потопот го сместува во 2348 година п.н.е. Мазоретскиот текст потопот го сместува 1656 години по постанокот.[1] Ашер пресметал дека постанокот наводно се случил во 4004 година п.н.е. Користејќи ја Библијата на кралот Џејмс, како година на потопот се добива 2348 година п.н.е. Иако Ашеровата хронологија останала многу влијателна кај креационистите, други теолози давале други години како година на постанокот, на пример Јосиф Скалигер тврдел дека постанокот бил во 3950 година п.н.е., додека Дионизиј Петавиј пресметал дека годината на постанокот била точно 3982 п.н.е.[2][3]. Сите овие датуми потопот го сместуваат во третиот милениум п.н.е. во време на египетското Старо Кралство и изградбата на египетските пирамиди.

Количина на вода[уреди | уреди извор]

Креационистите предложиле разни механизми со кои според нив митот за потопот би можел да биде точен. Еден од нив е дека Земјата ја зафатил џиновски облак водена пареа. Според Книгата на постанокот, потопот настанал од дожд кој непрестајно паѓал 40 дена и ноќи, доволно за да ја прекрие планината Арарат чиј највисок врв е висок 5137 м. Површината на Земјата изнесува околу 510 милиони квадратни километри, додека највисокиот врв Арарат е висок околу 5 км, па количината која би требало да падне на Земјата и подоцна да исчезне изнесува околу 2,5 милијарди кубни километри. Најголемата забележана количина на врнежи измерена е Черапунџи изнесувала 22.897 м во периодот од август 1860 до јули 1861 година.[4]

Големина на ковчегот[уреди | уреди извор]

Арката е опишана како долга триста, широка педесет и висока триесет лакти (околу 170х28х17 метри), што одговара на големина на помал боен брод или носач на авиони. Дрвен брод со таа големина не би можел да издржи четириесетдневна бура. Бидејќи Библијата не споменува едра или весла, креационистите обично претпоставуваат дека ковчегот не ги ни имал. Моделите и описите на ковчегот скоро секогаш покажуваат симетричен брод без јасно дефинирана крма и нос. Без средства за погон и навигација во текот на поплавата, ковчегот би бил препуштен на милост и немилост на невремето.

Ноевиот ковчег како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. James Barr, 1984–85. "Why the World Was Created in 4004 BC: Archbishop Ussher and Biblical Chronology", Bulletin of the John Rylands University Library of Manchester 67:604 [1]
  2. Barr 1984–85, 582.
  3. Young & Stearley 2008, стр. 45.
  4. Guinness World Records 2005;. ISBN 978-0-85112-192-5. pp. 51
  5. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 250-251.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Young, Davis A.; Stearley, Ralph (2008). The Bible, Rocks and Time: Geological Evidence for the Age of the Earth. InterVarsity Press. стр. 45–. ISBN 978-0-8308-2876-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]