Старо Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Старо Кралство (Египет))

Во Египет во својата 30 вековна историја владееле 31 фараони. Историјата се дели на три дела и тоа Старо, Средно и Ново Кралство.

Во Старото Кралство (30002000 година п.н.е.) се воделе борби на првите фараони за територијалното проширување на Египет. Државата се проширила сè до Синајскиот Полуостов и Северна Нубија. Почнала да јакне локалната аристократија на сметка на централна власт. Египет почнува да се распаѓа на помали делови таканаречени номи кои првин ја претставувале моќта на државата. Почнале да се градат првите пирамиди. Најпознати владетели се: Зосер (ја изградил првата пирамида), Снофру и Кеопс (ја изградил најголемата пирамида).

Природни услови и население[уреди | уреди извор]

Во средниот и во долниот тек на реката Нил многу рано се појавиле првите заедници на луѓето. Областа околу реката Нил е пустинска, но долината на реката е многу плодна. Оваа река играла голема улога во животот на Египќаните. Поради тоа, луѓето ја сметале реката Нил за извор на животот во Египет и ја почитувале како божество. Населението претежно се занимавало со земјоделство и сточарство, но биле развиени и други занимања.

Системи за наводнување и одводнување[уреди | уреди извор]

Жителите во долината на Нил најмногу ги користеле водите на реката за наводнување и за зголемување на плодноста на почвата. Кога водата од Нил надоаѓала и ги поплавувала полињата, требало да се собере и да се задржи, а потоа да се користи за наводнување. Жителите на Египет биле вистински мајстори во градењето насипи, брани, канали и базени. Во нив се задржувала водата за да се искористи во времето на сушните периоди. Со канали ги сушеле и мочуриштата и ги претворале во обработлива земја. Ваквите системи биле најпогодни за зголемување на плодните површини. На нив се одгледувале земјоделски производи, коишто биле неопходни за прехрана на населението. На градењето на овие системи работеле селани, занаетчии и робови.

Занаетчиство и трговија[уреди | уреди извор]

Во Египет се развиле бројни занаети. Најважни биле градежништвото, грнчарството, бродоградбата, ткаењето платно, правењето музички инструменти, правењето папирус – материјал на кој пишувале, правењето накит и украсни предмети од злато, сребро и други метали. Египќаните граделе величествени гробници за владетелите, наречени пирамиди. Со својата големина и изглед, пирамидите ги восхитувале луѓето во минатото, а ги восхитуваат и денес. Занаетчиските производи ги користеле самите Египќани и ги разменувале меѓу себе. Но, еден дел од нив се разменувал за руда и за други производи со соседните и со подалечните народи. Така се развила трговијата со другите народи. Египет бил голем производител на жито. Тој извезувал жито и го разменувал, најмногу за метали. Реката Нил била пловна река и имала голема улога во трговијата на Египет.

Основни одлики на општеството и на државата[уреди | уреди извор]

На чело на египетската држава стоел владетел наречен фараон. Тој бил почитуван како бог, син на врховниот египетски бог Амон Ра. Фараонот бил сопственик на целата земја. Населението на Египет се делело на повеќе слоеви. Најбогатиот слој на населението го сочинувале најблиските роднини и соработници на владетелот, војсководците, богатите службеници и свештениците. Тие живееле во убави и големи куќи – палати и дворци, а свештениците во храмови. Побогатите луѓе имале изобилство од храна, биле раскошно облечени, носеле убави и скапоцени накити. Во градовите живееле и други слободни луѓе: трговци и занаетчии. Селаните биле најброен слој од населението во Египет. Тие работеле на своите имоти, но и на имотите на побогатите Египќани.

Најтешка била положбата на робовите. Тие работеле во куќите на нивните господари, на градилиштата, во рудниците, како веслачи на бродовите и на други места. Во Египет многу била почитувана жената – домаќинка во семејството. Египќаните себеси се именувале по мајката, а не по таткото. Жената во Египет можела да стане владетелка на државата. Египетската држава била формирана околу 3200 години пред н.е. Тогаш две помали држави: Долен и Горен Египет се обединиле во една голема држава. Круната на фараонот била составена од два дела, во две бои: бела и црвена. Тоа го симболизирало обединувањето на двете држави во една. Според старите преданија, фараонот што го обединил Египет се викал Менес.

Фараонот имал најголема поддршка од свештениците и од војската. Се верувало дека фараонот, по неговата смрт, ќе продолжи да живее во задгробниот свет. Затоа во неговата гробница се ставале најразлични предмети, покуќнина и храна, а на внатрешните ѕидови се цртале слики на кои биле претставени сцени од животот на фараонот. Египќаните верувале дека сето тоа ќе му служи на владетелот во задгробниот живот. Многу често, на овие слики фараоните и нивните жени биле претставувани заедно со некој бог или божица. Со извесни прекини, египетската држава опстојувала сè до 31 година пред н.е., кога потпаднала под римска власт.

Поврзано[уреди | уреди извор]