Никола Арсеновиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Арсеновиќ
Автопортрет
Роден(а)1823
Ретфала, Кралство Славонија, Австриско Царство
(денес Хрватска)
Починал(а)18 јули 1887 (возраст 64–65)
Белград, Кралство Србија
(денес Србија)

Никола Арсеновиќ (1823 – 18 јули 1887) бил српски кројач и илустратор на народни носии; посмртно наречен „југословенски етнограф“. По професија кројач, тој започнал да ги слика народните носии за време неговите патувања.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил роден во Ретфала, близу Осиек, во 1823,[1] област која била дел од Кралството Славонија во Австриското Царство (денес дел од Хрватска).

Завршил училиште во Осиек, по што одлучил да стане кројач.[2] Како млад, патувал во Пешта и Виена, за да го усоврши занаетот, а потоа и во Париз и во Германија.[2] По 7 години се вратил и се населил во Вуковар, каде се оженил и отворил голем кројачки дуќан.[2] Освен народни носии, шиел униформи за воените офицери, и облека за клерот и граѓанството.[2]

Починал во Белград, на 18 јули 1887.[1] Тој бил Југославист, и самиот се нарекувал Југословен.

Work[уреди | уреди извор]

  • Nikola Arsenović (1930). Југословенска народна ношња. Етнографски музеј у Београду.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Gavrilović 2004, p. 37
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Gavrilović 2004, p. 38

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]