Никау
Nikau | |
---|---|
![]() | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Палмовидни |
Семејство: | Палми |
Потплеме: | Палкостолбници |
Род: | Палкостолб |
Вид: | Никау |
Биномен назив | |
Rhopalostylis sapida H.Wendl. & Drude |
Никау (науч. Rhopalostylis sapida) е вид палма ендемска на Нов Зеланд. Ова е единствената новозеландска палма, и вирее на умерена клима, по низините на Нов Зеланд. Природно расте јужно сè до Четемските Oстрови, полуостровот Бенкс и Хокитика на Западниот Брег. Со тоа ова е најјужната палма на светот (44° ЈГШ).
Никау е лесно препознатлив симбол на Нов Зеланд, иако ретко се среќава по градини заради бавниот раст и тешкотијата при транспорт.
Расте до околу 10 м височина, со листови со должина до 2,5 м.
Наводи и надворешни врски[уреди | уреди извор]
- „Rhopalostylis sapida“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 1998. Посетено на 11 мај 2006. (англиски)
- Новозеландски локални растенија: Rhopalostylis sapida Архивирано на 14 август 2014 г. (англиски)