Немири (Книга на Иво Андриќ)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Немири - збирка со песни во проза на Иво Андриќ од 1920 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од три дела:[1]

  • „Немир од векот“ (Nemir od vijeka)
  • „Немир на денот“ (Nemir dana)
  • „Ридови“ (Bregovi)

„Немир од векот“ се состои од седум песни во проза (без наслов), посветени на Бога. Во „Немир на денот“ има пет лирски текстови, насловени како: „Ноќ во возот“ (Noć u vozu), „Над победите“ (Iznad pobjeda), „Деца“ (Djeca), „Погребна песна“ (Pogrebna pjesma) и „Приказна од Јапонија“ (Priča iz Japana). Во првиот текст се опишува патувањето на војниците со воз за време на Првата светска војна; вториот текст има антивоени пораки; третиот текст ги опишува страдањата на децата-сирачиња во август 1917 година; во четвртиот е опишана смртта на непознат крадец; во последната е дадена приказната за поетот Мори Ипо и 350-те учесници во заверата против јапонската царица. Најпосле, „Ридови“ содржат 27 лирски текстови во проза (без наслов) во кои поетот обработува разни теми: ридовите, осаменоста, немирните соништа, душата, спомени од морето, итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 83-139.