Небојша Јаконов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 18 февруари 1954
Земун , СФРЈ СФР Југославија
Починал 11 август 2009
Скопје , Македонија Македонија
Занимање новинар


Небојша Јаконов (Земун, Србија, 18 февруари 1954 - Скопје, 11 август 2009) бил македонски новинар. Бил еден од врвните аналитичари на македонските општествени текови.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Јаконов е роден во српскиот град Земун во 1954 година. Дипломирал на катедрата за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје. Со новинарство почнал да се занимава во средината на 80-тите години, во весникот „Вечер“, каде што работи како новинар во комуналната и во културната рубрика. Бил еден е од основачите на неделникот „Пулс“, каде што работел од 1991 до 1999 година. Во „Утрински весник“ бил од првиот број како уредник на рубриките „Живот“ и „Стил“. Починал на 11 август 2009 година по долго и тешко боледување. Смртта го затекнала на местото помошник-главен и одговорен уредник на неделникот „Глобус“, каде што истотака работел од неговиот прв број. Автор е на книгите „Столб на куќата што се урива“ (ISBN 978-9989-189-90-6)[2] и II годишна изложба на здружението на фоторепортери на Македонија (ISBN 9989-2137-0-4).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IN MEMORIAM Небојша Јаконов“, Утрински Весник, 11 август (посет. 14 март 2012 г). (на македонски)
  2. „Stolb na kukate što se uriva: kolumni i tekstovi.“ (англиски). Kubon & Sagner OPAC Titelansicht. конс. 2012-03-14. 
  3. „Books“ (англиски). bookfinder.com. конс. 2012-03-14.