Национална класа (филм)
Национална класа - југословенски филм од 1979 година, во режија на Горан Марковиќ. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Богдан Диклиќ, Горица Поповиќ, Раде Марковиќ, Александар Берчек, Оливера Марковиќ, Воја Брајовиќ, Бора Тодоровиќ, Ирфан Менсур, Миќа Томиќ итн.[1]
Синопсис[уреди | уреди извор]
Флојд (го игра Николиќ) е млад човек од предградието на Белград, кој со својата „Застава 750“ се натпреварува во трките со автомобили во националната класа. Истовремено, тој има бројни љубовни врски, иако е во врска со девојката Шилја (ја игра Поповиќ). Пред последната трка во сезоната, тој се наоѓа на второто место и мора да победи за да биде шампион. Меѓутоа, тој добива повик да се оди на отслужување на воениот рок. За да избегне обврската, Флојд се обидува да се запише на факултет, при што запознава една убава девојка. Истовремено, еден негов пријател (го игра Брајовиќ) го запознава со младото момче Миле (го игра Диклиќ) кој има болни бубрези. Притоа, Миле се согласува да оди на медицинскиот преглед наместо Флод, со цел тој да ја избегне војничката обврска. Меѓутоа, на прегледот се утврдува дека Миле во меѓувреме оздравел, така што Флојд мора да се јави во касарната. Истовремено, Шилја му кажува дека е бремена, па нејзините родители и родителите на Флојд набрзина им организираат свадба при што Миле прифаќа да му биде кум на Флојд. Ден пред свадбата, Флојд победува, но судијата ја поништува трката. Потоа, веднаш по свадбата, Флојд се качува во возот на пат за касарната, а единствено Миле доаѓа да го испрати на станицата.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови од 1979 година
- Филмови на Горан Марковиќ
- Филмови со Драган Николиќ
- Филмови со Богдан Диклиќ
- Филмови со Горица Поповиќ
- Филмови со Раде Марковиќ
- Филмови со Ирфан Менсур
- Филмови со Миќа Томиќ
- Филмови со Александар Берчек
- Филмови со Оливера Марковиќ
- Филмови со Воја Брајовиќ
- Филмови со Бора Тодоровиќ
- Филмови на српски јазик
- Филмови чие дејствие се одвива во Белград
- Филмови чие дејствие се одвива во Србија