Национален парк Уџунг Кулон

Координати: 6°44′48″S 105°20′1″E / 6.74667° ЈГШ; 105.33361° ИГД / -6.74667; 105.33361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Уџунг Кулон
Taman Nasional Ujung Kulon (индонезиски)
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоБантен, Јава, Индонезија
Најблизок градЧилегон
Координати6°44′48″S 105°20′1″E / 6.74667° ЈГШ; 105.33361° ИГД / -6.74667; 105.33361
ПовршинаПредлошка:Convert/acres
Воспоставен(а)26 февруари 1992 (1992-02-26)
Посетители2,385 (2007 година)[1]); околу 12,000 во 2014 година.
Управно телоМинистерство за животна средина и шумарство
Светско наследство1991
Мрежна страницаujungkulon.org
Светско наследство на УНЕСКО
КритериумПрироден: vii, x
Навод608
Запис1991 (XV заседание)

Националниот парк Уџунг Кулоннационален парк кој се наоѓа на најзападниот врв на Јава, во покраината Бантен во Индонезија. Ја вклучува вулканската островска група Кракатау во покраината Лампунг и други острови, вклучувајќи го Панајтан, како и помали островчиња како што се Хандеулеум и Пеуканг во Сундскиот Теснец.

Уџунг Кулон значи Западен Крај или Точка Запад.

Географија[уреди | уреди извор]

Паркот опфаќа површина од 1,206 км2 (од кои 443 км2 е поморски), од кои повеќето се наоѓа на полуостров што допира до Индискиот Океан. Експлозијата на блискиот Кракатау во 1883 година створила цунами (џиновски бран) што ги уништило селата и посевите на крајбрежните области на западниот полуостров и ја покрило целата област во слој од пепел во просек од 30 см дебел. Ова предизвикало целосна евакуација на полуостровот од страна на луѓето, со што му овозможило да стане складиште за голем дел од флората и фауната на Јава, како и поголемиот дел од преостанатите низински шуми на островот.

Историја[уреди | уреди извор]

Бантенги во националниот парк (1941 година).

Тој е првиот предложен национален парк во Индонезија и е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО во 1991 година бидејќи ја содржи најголемата преостаната низинска прашума во Јава. Избувнувањето на Кракатау од 1883 година и нејзиното цунами збришале многу населби во подоцнежната област на паркот и тие никогаш не биле повторно населени.[2]

Делови од денешниот национален парк и места на светско наследство се заштитени од почетокот на 20 век. Кракатау (или поточно, трите островчиња што останале од него) бил прогласен за природен резерват во 1921 година, следен од природниот резерват Пулау Панаијтан и Пулау Пеуканг во 1937 година, природниот резерват Уџунг Кулон во 1958 година, природниот резерват Гунунг Хонџе во 196 година, а неодамна Националниот парк Уџунг Кулон во 1992 година. Во 2005 година паркот бил назначен како парк на наследството на АСЕАН.[3]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Уџунг Кулон е последното познато засолниште за критично загрозениот јавански носорог, откако ловокрадците го убиле и последниот преостанат носорог во Националниот парк Кат Тиен во Виетнам, каде во 2010 година останало мало население од 10 или помалку. Во Уџунг Кулон населението се проценува на 40-60 во 1980-тите.[4] Во периодот од 2001 до 2010 година се идентификувани 14 раѓања на носорози со помош на стапици со камера и видео.[5] Врз основа на снимките направени помеѓу февруари и октомври 2011 година, идентификувани биле 35 носорози, од кои 22 машки и 13 женски. Од овие, 7 биле стари, 18 возрасни, 5 млади и 5 доенчиња носорози.[6] Во пораст од претходните години, во 2013 година имало 8 младенчиња од кои 3 биле женски и 50 јуници и возрасни од кои 20 биле женски идентификувани со помош на 120 видеокамери кои функционираат ноќе со сензор за движење. Тоа биле точни податоци, бидејќи секој носорог има единствена морфологија како отпечаток од прст, главно кожни брчки околу очите.[7]

До 2013 година, површините за хранење, на вегетацијата на растението <i id="mwRQ">Eupatorium odoratum</i>, се намалени од 10 места кои опфаќаат 158 хектари на 5 места со 20 хектари. Така, конкуренцијата за хранење помеѓу осамениот носорог и бантенгот исто така се зголемиле.[8]

Паркот заштитува и 57 ретки видови растенија. 35-те видови цицачи вклучуваат бантенг, сребрен гибон, јавански лутунг, ракојадачки макаки, јавански леопард, суматрански диво куче, јавански глувчест елен, јавански/тиморски елен (руса) и мазнокрзнена видра. Има и 72 видови влекачи и водоземци и 240 видови птици.

Статусот на крокодилите во паркот е во голема мера непознат; видувањата се ретки и се случуваат повремено. Има извештаи за лажниот гавијал во паркот, но тие не се потврдени. Покрај тоа, морскиот крокодил бил историски присутен низ крајбрежните речни системи на Јава, но моментално е истребен во овие региони. Мали, изолирани населенија на морски крокодил се пријавени дека постојат во Уџунг Кулон, но потребна е потврда.

Изумрена[уреди | уреди извор]

Јавански тигар фотографиран од Андрис Хохерверф во 1938 година.

Јаванските тигри преживеале во заштитеното подрачје до средината на 1960-тите.[9]

Google Doodle[уреди | уреди извор]

Друштвото за семрежно пребарување Google помогнала да се подигне профилот на паркот и да се прослави 25-годишнината од постоењето со менување на логото на Gogole во „цртанка“ со два јавански носорози. Цртанката била користена во Индонезија на 26 февруари 2017 година.[10]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Forestry statistics of Indonesia 2007 Архивирано на 22 јули 2011 г., Посетено на 9 ноември 2021.
  2. Post, The Jakarta. „Ujung Kulon: Memories of paradise“. The Jakarta Post. Посетено на 9 ноември 2021.
  3. UNEP: Ujung Kulon, Посетено на 9 ноември 2021.
  4. Црвен список на загрозени видови. Отсутно или празно |title= (help)
  5. Antara News: Javan rhinos breed at Ujung Kulon: WWF, 1 март 2011. Посетено на 9 ноември 2021.
  6. „Populasi Badak Jawa pada 2011 Sedikitnya 35 Individu“. December 29, 2011. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 9 ноември 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Ujung Kulon National Park Says It Gained Seven Javan Rhinos“. February 27, 2014. Посетено на 9 ноември 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. "Si Cula" Terancam Punah“. 25 август 2013. Посетено на 9 ноември 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. Seidensticker, J.; Suyono, I. (1980). The Javan Tiger and the Meri-Betiri Reserve, a plan for management. Gland: International Union for the Conservation of Nature and Natural Resources.
  10. „25th Anniversary of Ujung Kulon Park“. 26 февруари 2017. Посетено на 9 ноември 2021.

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]