Нанче Илиевски
| Нанче Илиевски | ||
| Роден | 22 ноември 1928
Бигор Доленци, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 20 декември 1979
Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
| Националност | Македонец-Југословен | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | електротехнички инженер | |
Нанче Илиевски (роден на 22 ноември 1928 година во Бигор Доленци - починал на 20 декември 1979 година во Скопје) — македонски електротехнички инженер во рударството и металургијата.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Илиевски основно образование завршил во родното место (1938), гимназија во Неготин-Краина (1939–1945), во Скопје (1946), Електротехнички факултет во Белград, еден семестар во Диселдорф (1947–1952). Работел како технички директор во рудниците за олово и цинк „Злетово” во Злетово (Служба за одржување), па на градилиштето на рудниците и железарницата „Скопје”, бил директор на Топилницата (1963–1965), на Капитална изградба (1966– 1970), помошен директор за развој и инвестиции (1970–1976), а потоа и генерален директор за металуршко производство. Добил повеќе награди и признанија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илиевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 598. Text "series " ignored (help)