Прејди на содржината

М (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
М
Плакатот на филмот
РежисерВардан Тозија
СценаристВардан Тозија
Даријан Пејовски
Главни улогиСашко Коцев
Камка Тоциновски
Тони Михајловски
Владимир Тулиев
Оливер Митковски
Верица Недеска
Жанрпостапокалиптика
хорор
КинематографијаВлатко Самоиловски
Премиера13 јули 2023 (фестивал Синедејс)
5 октомври 2023 (Македонија)
Времетраење99 минути
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Ммакедонски постапокалиптичен хорор-филм снимен во 2019 година во режија на Вардан Тозија, чија премиера филмот ја имал во 2023 година.[1] Филмот бил произведен од Focus Pocus Films. Главен лик е 8-годишниот Марко, кој во суровиот свет обземен од таен вирус, е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографијата е на Влатко Самоиловски, сценографијата на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски.[2]

Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Премиера на филмот била на 13 јули 2023 г. на Европскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а низ цела Македонија на 5 октомври истата година.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Светот надвор од шумата е пусто и опасно место. Шумата е сето она што го знае осумгодишниот Марко и единствената личност што ја познава е неговиот параноичен, заштитнички татко. Неговото најскапоцено нешто е сликовницата каде што верува дека може да ги најде одговорите на сѐ. Неговиот живот наеднаш се менува кога открива невино нежно момче со Даунов синдром по име Мико, кое живее на работ од шумата. Работите се влошуваат кога момчињата се оставени сами да се снаоѓаат против остатоците од човештвото. Марко нема јасна претстава што значи да се има мајка, но момчињата мораат да одат на патешествие за да ја најдат. Надвор од безбедноста на шумата, Марко се соочува со уништен свет обвиен во тишина и полн со опасност.

Глумец Улога
Сашко Коцевтаткото
Матеј СиваковМарко
Камка ТоциновскиАна
Тони МихајловскиЈон
Владимир Тулиевчовекот во шинел
Александар НичовскиМико
Оливер Митковскислабиот човек
Благој Веселиновмладиот војник
Ефтим Трајчов Ѓаурскиполитичарот
Бојана Грегориќ Вејзовиќпоручникот
Александар Ристоскимладиот дечко кај Јон
Верица Недескамајката на Марко
Жаклина Петровскажената
Мирослав Петковиќбрадестиот тип
Борис Дамовскипостариот војник
Јасмина Билаловиќжената во бел мантил
Михајло Миленкоски
  1. М (филм) на Семрежната филмската база на податоци
  2. „„М" на Вардан Тозија е првиот македонски филм со постапокалиптична тема (трејлер)“. Независен Весник. 2023-07-06. Посетено на 2024-12-15.
  3. „ФИЛМОТ „М" НА ВАРДАН ТОЗИЈА ОД 5 ОКТОМВРИ ЌЕ ИГРА ВО КИНОТО СИНЕПЛЕКС ВО СКОПЈЕ“. Сакам Да Кажам. 2023-09-23. Посетено на 2024-12-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]