Мурат (река)
Изглед
| Murat River Murat Nehri | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Карасу, кај Кебан, Елазиг |
• надм. вис. | 820 м |
| Должина | 722 км |
| Особености на сливот | |
| Речен слив | Еуфрат |
Мурат (турски: Murat Nehri), Источен Еуфрат или Арсаниј (од старогрчки: Ἀρσανίας) — река во Турција и еден од покрупните водотеци што го сочинуваат Еуфрат. Извира кај планината Арарат северно од езерото Ван во источна Турција и тече на запад низ планински предели, во должина од 722 км. Пред изградбата на браната „Кебан“, Мурат се влевал во реката Карасу, 10 км северно од неа и 13 км северно од градот Кебан.[1]
Во покраината Муш, течението е прекинато со браната „Алпаслан-1“, изградена во 2009 г. Во подолниот дел од течението се работи на браната „Алпаслан-2“, чија изградба треба да заврши во 2016 г. На крајот, реката се влева во хидроакумулацијата на Кебан.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Фудбал на замрзнатата река“. Turkish Daily News. 2004-12-31.
- ↑ „Мурат“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 2008-02-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Мурат (река)“ на Ризницата ? |
