Прејди на содржината

Музеј на холокаустот (Солун)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на холокаустот во Грција
Μουσείο Ολοκαυτώματος Ελλάδος
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
МестоСолун, Грција
Типмузеј
Мреж. местоМрежно место

Музеј на холокаустот на Грција (грчки: Μουσείο Ολοκαυτώματος Ελλάδος), официјално Меморијален музеј на Холокаустот и Едукативен центар на Грција за човекови правамузеј во изградба на Холокаустот во Солун, Грција. Неговата изградба била предложена во 2016 година и делумно е финансирана од Сојузна Република Германија ( €10 милиони), со поддршка од општина Солун и градоначалникот Јанис Бутарис. [1] Вкупните трошоци за изградба се проценуваат на 25 милиони евра [1] Камен- темелникот бил поставен на 30 јануари 2018 година [2]

Солун бил избран пред Атина поради степенот до кој страдал за време на Втората светска војна. Солун од почетокот бил под германска окупација, наспроти поголемиот дел од Грција кој бил окупиран од Италија или Бугарија. Адолф Хитлер планирал да го вклучи градот во Третиот Рајх како одмазда за неговото учество во Првата светска војна (Солунски фронт). [3]

Во 1942 година, германските сили започнале со спроведување на Нирнбершките закони во градот и им наредиле на машките Евреи да се регистрираат на плоштадот Елефтерија, каде што биле јавно мачени и понижувани пред да бидат принудени на труд. [4] [5] Во близина на железничката станица било формирано еврејско гето. [6] Во 1943 година, 56.000 Евреи од градот биле депортирани, со употреба на 19 возови на Холокаустот, во концентрационите логори Аушвиц и Берген-Белзен, каде што 43.000 – 49.000 од нив биле убиени. [7] [8] [9] Патувањето со воз од Солун до концентрационите логори било најдолго од сите возови на Холокаустот, а Евреите морале да си купат билет. [10]

Помеѓу 15 и почетокот на 20 век, Солун бил единствениот град во Европа каде Евреите биле мнозинство од населението. [1] Меѓутоа, само 2.000 Евреи се вратиле по војната, а помалку од 1.000 останале денес. [8] [9] Севкупно, 80.000 грчки Евреи, или 85% од вкупното еврејско население, биле убиени во Холокаустот. [11]

  1. 1,0 1,1 1,2 „EXECUTIVE SUMMARY“. www.holocausteducenter.gr (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-06-24. Посетено на 2018-09-13.
  2. „Mουσείο Ολοκαυτώματος, μνημείο στην Ιστορία“. Η Εφημερίδα των Συντακτών (грчки). 2018-01-31. Архивирано од изворникот на 2018-02-06. Посетено на 2018-09-13.
  3. Panagiotopoulos, Apostolos (2009). Θεσσαλονίκη ... εν Θερμώ – Ο συγκλονιστικός 20ός αιώνας της πόλης [Thessaloniki ... on Fire – The City's Sensational 20th Century]. B. Maliaris Paideia. стр. 753. ISBN 978-960-457-239-7.
  4. University of Athens: Faculty of Political Science and Public Administration (1998). Documents on the history of the Greek Jews: records from the historical archives of the Ministry of Foreign Affairs (англиски). Kastaniotis Editions. ISBN 9789600323306.
  5. Winstone, Martin (2010-06-30). The Holocaust Sites of Europe: An Historical Guide (англиски). I.B.Tauris. ISBN 9780857730282.
  6. Jewish Community of Thessaloniki (2005). „Cultural forum of the Jewish community of Thessaloniki“ (англиски). Ets Ahaim Foundation. Посетено на 2018-09-13.
  7. Martin Gilbert (1982). The Routledge atlas of the Holocaust. ISBN 9780415281454. Посетено на 10 August 2011.
  8. 8,0 8,1 Yale Strom (1992). The Expulsion of the Jews: Five Hundred Years of Exodus. SP Books. стр. 102. Посетено на 13 September 2018.
  9. 9,0 9,1 „Thessaloniki's new Holocaust museum a sign of a city finally embracing its Jewish past“. www.timesofisrael.com (англиски). The Times of Israel. Посетено на 2018-09-13.
  10. „Jews made pay train fares to Auschwitz“. 2015-03-23. Посетено на 2018-09-13.
  11. Smith, Lyn (2010-09-15). Forgotten Voices of The Holocaust: A new history in the words of the men and women who survived (англиски). Random House. ISBN 9781409003595. Посетено на 2018-09-13.